Тие што се против коалицијата со СДСМ, на времето формираа партиски ограноци во Штип и Кочани, за подоцна да го прекоруваат Заев што ги повикува Албанците да гласаат за неговата партија, и потоа со гласовите на Заев да добијат градоначалници. Заев, како и Груевски порано, со пари од буџетот ќе им го плати потребниот број на гласачи.
ДУИ не ги брани правата на Албанците. Со забранување на објави на „бомби“, го штити криминалот и корупцијата на своите функционери, ги брани партиските милитанти од одговорност, тие што по плоштади и свадби пукаат со огнено оружје и не одговаррат за тоа.
Се противи на реформите во изборниот систем, кои ги побараа сите релевантни надворешни фактори.
Обидите на ДУИ како свој успех да го претстави решавањето на името и интеграцијата во НАТО и ЕУ, кога се знае дека 10 години му помагаше на Груевски да ја оддалечи Македонија од западот и да ја однесе поблиску до Русија.
Нема кој не знае, освен пропагандистичките демагози на ДУИ, дека само храброста на Заев го овозможи Преспанскиот договор и договорот со Бугарија.
*
Веројатно без нејзина желба, заменичката на министерката за финансии ја натерале да ломоти за „успесите“ на „големата мајка“ (ДУИ) во финансиите иекономијата, а не така одамна видовме дека Талат ја отстрани од собраниската говорница бидејќи немаше поим за што се дебатира.
До толку што и намалувањето го читаше како пораст за -1,7%, така како што и го напишале.
Сите права се задржани