поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
2 јули, 2020
Не е правилно и логично “надпартискиот кандидат” за премиер да падне толку ниско, со тоа што во медиумите пред граѓаните би се појавил заедно со некои си партиски кандидати.
*
3 јули, 2020
Од изборот на Талат, за што не беше потребен ниту гласот на Али Амети, најголема полза имаше само Трајко Велјаноски.
*
3 јули, 2020
Има и такви кои се надеваат дека иселениците ќе дојдат да гласаат за “првиот премиер Албанец” и во време на пандемија, кои за ДУИ не гласаа ниту тогаш кога гласачките кутии им беа испратени во земјите на престојот.
До таму стаса лекарот Арбен Зибери, што дури “помогна да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од Меѓународната Здравствена Организација.Зошто да не, дојдете за премиер Албанец”, додаде тој.Кој, ако не внукот за чичко му.
*
4 јули, 2020
Ниту премиер, ниту претседател на државата Албанец и после 15 јули нема да имаме, дури и Гоце Делчев, со белата капа на главата, да стане од гроб.
Да се надеваме само на власт да не останат корумпираните Албанци, кои биле и ќе бидат прифатливи и за ВМРО и за СДСМ, зашто можат со “бомби” да ги уценуваат.