• Latest

Хајредини: Не сум изненаден од напорите на дел од партиите по секоја цена да ја користат оваа криза

May 17, 2020

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Хајредини: Не сум изненаден од напорите на дел од партиите по секоја цена да ја користат оваа криза

„Ова е несреќна околност, што паралелно со сериозната криза предизвикана од пандемијата во Македонија е актуелно и прашањето на изборите. Економските мерки коишто Владата ги предлага и презема за надминување на последиците, дел од власта, но особено опозицијата сака да ги користи за предизборна партиска пропаганда. Тоа го прават сосема грубо популистички и демагошки“, смета Хајредини.

May 17, 2020 18:15
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Џевдет Хајредини, експерт за финансии, аналитичар и поранешен министер за финансии во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за кризата предизвикана од пандемијата, сложената состојба со техничката влада чиј мандат одамна ги надмина предвидените 100 дена, датумот за изборите, различните ставови на политичките партии и нивните интереси, одлуките на Уставниот суд, економските мерки за справување со последиците, како и протоколот кој го подготви Комисијата за заразни болести за организирање и одржување на предвремените парламентарни избори.

„Ова е несреќна околност, што паралелно со сериозната криза предизвикана од пандемијата во Македонија е актуелно и прашањето на изборите. Економските мерки коишто Владата ги предлага и презема за надминување на последиците, дел од власта, но особено опозицијата сака да ги користи за предизборна партиска пропаганда. Тоа го прават сосема грубо популистички и демагошки“, смета Хајредини.

Тој констатира дека правната ситуација во земјата е толку сложена што моменталната состојба повеќе не е во согласност со Уставот.

„Очигледно е дека правната ситуација во Македонија е така сложена што и самата моментална состојба повеќе не е во согласност со Уставот со оглед на фактот што оваа техничка влада требаше да функционира 100 дена пред изборите. Сега таа мора да функционира сè додека изборите не се одржат. Очигледно е дека опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ и јавно, се обидуваат што повеќе да ги одложат изборите со разни изговори. Додека ДУИ е претпладне во коалиција со СДСМ, а попладне и тајно е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. И самите гледате колку се неодредени. Работата ја оставија да ја тера Мицкоски, а тие велат услов е да помине кризата со пандемијата и да дојдат ОБСЕ-ОДИХР да го мониторираат процесот. Што ако не успеат да дојдат, дали според ДУИ тоа значи дека ние никогаш нема да одржиме избори? Еве на кој перфиден начин ја користат оваа ситуација, правно недефинирана, за партиска пропаганда“, вели Хајредини.

„Потребите за да се помогне се акутни, и тоа временски се совпаѓа со изборите. И да не сакаме тоа ќе биде искористено. Наредните месеци треба ќе бидат многу тешки за голем дел од населението и бизнисите. Капацитетот и ресурсите на Македонија во никој случај не се доволни за подолготрајна криза. Но, најавени се и реални се странските фондови од Европската Унија и Америка. Е како потоа да се одвојат тие работи? Нормално е дека сето ова кај народот ќе има влијание“, смета тој околу прашањето за просторот и можноста економските мерки да бидат злоупотребени за манипулација со гласачите, но и за изборен поткуп.

За датумот на изборите Хајредини е дециден дека никој не сака да преземе одговорност за својата одлука.

„Комисијата за здравство, иако од неа се бара да оцени дали се создаваат услови за избори од аспект на состојбата со корона вирусот, одбегна да одговори на ова прашање. Наредната средба на лидерите се очекува Комисијата да каже дали ситуацијата со пандемијата ќе дозволи да се одржат изборите. Тие одбегнаа тоа да го кажат, туку само изработија протокол за тоа како ќе тече изборната постапка. Тоа значи дека никој не сака да преземе ризик, а и објективно, никој не знае што ќе се случува со болеста. Не знае ни Америка, ни Русија, а не ние да знаеме. Се може да се случи. Може и да се смири, а може и да ескалира. Никој не сака да ја преземе одговорноста, затоа што подоцна тешко е да се оправда одлуката“, вели Хајредини.

Тој зборуваше и за дел од активностите кои се дозволени во протоколот за организирање и одржување на изборите.

„На партиите им се дозволува да одат од врата на врата. Мислам дека тоа е навистина глупаво! Па ДУИ едвај чека! И друго, што се заборава… ВМРО-ДПМНЕ најави дека има две екипи на врвни експерти за борба против пандемијата. Бујар Османи најави дека ДУИ имаат 10.000 активисти кои ќе ги посетуваат фамилиите. И не е само тоа. Дента пред почетокот на Рамазан, Али Ахмети, во честитката дури нагласи дека два дена пред почетокот на Рамазан, активисти на ДУИ посетиле повеќе од 2000 семејства само за да им кажат дека не се сами. Тоа е скандал! Некој да се фали дека посетиле над 2000 семејства во време на пандемија. Значи според овие постапки, тврдам, дека не е точно дека на партиите врвен приоритет им е здравјето на граѓаните. Ним врвен приоритет им е да бидат на власт. Да ја искористат оваа прилика затоа што повеќето од нив, особено од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ ако не бидат на власт, тие според она што досега го знаеме дека го правеле, знаеме дека има за сите нив „бомби“ и досиеја, тие треба да завршат во затвор! И воопшто не сум изненаден од нивните напори по секоја цена да ја користат оваа ситуација“, заклучува Хајредини.

За одлуката на Уставниот суд да не ги намали платите на функционерите Хајредини смета дека требаше да се сфати дека тоа беше мерка предложена од Владата во траење од само два месеци и дека требаше да се сфати како хуман гест.

Маја Ивановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ