• Latest

Хајредини: Немавме Антикорупциска најмалку десет години!

March 27, 2019
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025

Изгаснат пожарот во Трубарево

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Хајредини: Немавме Антикорупциска најмалку десет години!

March 27, 2019 12:00
in ИЗЈАВИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите државни институции, во ова време што остана зад нас, беа повеќе или помалку компромитирани, корумпирани и партизирани. Очекувањата дека таа практика на партизирање на државните институции, министерствата, агенциите и дирекциите ќе заврши, беа премногу големи. Меѓутоа, како што минува времето, од промената на власта, па наваму, не ни дава основа да гледаме со оптимизам, дека навистина може да очекуваме таа пракса да престане.

Едно од најголемите разочарувања, кое сакам да го потенцирам, е и Антикорупциската комисија, или како што ја викаат Државна комисија за спречување на корупцијата. Крајот на претходната ваква комисија беше крајно неславен, кога дојдоа до ситуација да си поднесат оставка за разните глупости што ги правеле, наместо да ја работат својата работа. И колку што знам, старите членови сѐ уште земаат плата. Во меѓувреме, во јавноста се зборуваше дека десет месеци сме биле без оваа Комисија. Ние немавме Комисија за спречување на корупцијата најмалку десет години! А тоа е така затоа што ниту еден коруптивен случај во изминатите десетина години воопшто не доби епилог. Тоа е констатирано и од странците. И сите иницијативи на таа претходна комисија, што се покренуваа и праќаа до обвинителството, сите се отфрлени. Ние може да се сомневаме дека намерно биле процесирани случаи за кои се знаело дека нема да бидат прифатени од страна на обвинителството.

Во 2014 година, пред бомбите, имав прилика да учествувам на една расправа организирана од тогашната Антикорупциска комисија, каде тема беше некоја анкета за тоа каква е перцепцијата за корупцијата, каде што беа присутни и повеќе странски амбасадори. Тогашниот портпарол на Министерството за внатрешни работи излезе со фалење дека тие осудиле поранешен премиер. Стануваше збор за судењето на Владо Бучковски. Јас тогаш пред сите му го кажав следново: „Господине Котевски, Ви тврдам дека и овој денешен премиер, Никола Груевски, ќе биде осуден кога ќе биде поранешен“. И навистина, така беше.

Да се вратиме на новата Комисија. Помпезно се најави, имајќи го предвид начинот на којшто ќе се избираат членовите, дека ќе бидат анкетирани јавно, пред комисија составена од пратеници на одделни партии. Не случајно го потенцирам тоа – партии, затоа што самите тие пратеници кои ги анкетираа и ги прогласија дека се добри, вклучувајќи ја тука и претседателката на оваа Комисија, и јас и сите се надевавме, сѐ уште делумно се надеваме, дека нешто ќе се промени во дејноста на оваа институција.

Паралелно со почетокот на работата на новата Државна комисија за спречување на корупцијата се случи дрскиот скандал на непотизам меѓу актуелната гарнитура на министри и државни функционери. Сите мислевме, па и јас се надевав, дека овој случај веднаш ќе се искористи, дека Комисијата ќе делува и ќе предложи мерки против функционерите и министрите, со што и ќе докаже дека навистина е независна. Но, тие не само што вработуваат нови, туку и старите ги преместуваат од приватни компании во ЕЛЕМ и МЕПСО.

Јас сум работел 20 години во Електостопанство, сега ЕЛЕМ. И точно е тоа дека таму е навистина комотно да се работи, затоа што пред сѐ, нема многу работа, затоа што дејноста за производство на електрична енергија е премногу автоматизирана, за некој да има потреба да вложи големи физички или умствени напори. Тоа се сигурни компании, кои дури и да се приватизирани, има дупло повеќе вработени од што навистина треба.

И сега, од претседателката на оваа Комисија слушаме дека наместо да се занимаваат со актуелните и веднаш да понесат одговорност, затоа што практикувале непотизам, тие ќе се занимаваат и ќе анализираат случаи од 2015 година. Мислам дека ова намерно се прави, за да се релативизира и да се заборави. Па од неа слушаме дека ќе испитува… Што таа има да испитува, кога по дефиниција, од енциклопедија, непотизам е кога се фаворизираат и се вработуваат од страна на државните функционери, свои блиски, и не само своите блиски, туку и познаниците?

И она што е најважно од дефиницијата, при состојба на непотизам, воопшто не се битни личните особини на кандидатите, нивните стручни способности и нивните квалификации. И никој да не конкурирал на тој конкурс, апсолутно не е битно, туку е важно функционерот да не вработува свој близок роднина во државна администрација, сѐ додека се наоѓа на таа позиција.

Претседателката на Антикорупциска сега ни држи предавања за нејзините приоритети. Првото нешто што го најави беше дека ќе го испита вработувањето на ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, чиј, пак, баџанак е член на истата таа комисија и нејзин потпретседател. Па тој дури најави дека кога ќе се одлучува за конкретниот случај нема да биде присутен. Па таа финта и досега ја слушавме! Не е ништо ново! Притоа, таа ни кажува дека сега испитува, како е примена, кои се другите кандидати, дали има други услови… Тоа, ако не е тотално незнаење, во што искрено не верувам, тогаш е замајување на јавноста.

Она што е уште понејасно и апсурдно, е најавата дека се премногу зафатени затоа што сега ќе испитуваат дали државните службеници ќе бидат ангажирани во текот на работното време во предизборните активности за избор на претседател на државата. Па, во државната администрација има околу 130.000 луѓе. Како таа мисли со Комисија од 7 души да ги покрие тие евентуални злоупотреби на работното време? Па ќе земе на доктор боледување и ќе работи во кампања… Тоа ли е сега толку страшно и важно, за да не се спомене фактот дека иемаат наследено илјадници предмети за корупција, кои ги добивале на разни начини, по допрен глас итн…

Наместо да ја охрабри јавноста и да разгледаат некој покрупен случај каде што има злоупотреба на пари! Според најновите наоди, на Балканот сме на последно место, со најновите состојби со корупција. А таа излегува на телевизија да се фали дека почнала да работи нешто. Како на јавноста да и е навистина битно дали некој во текот на работното време ќе оди негде или дали ќе биде ангажиран. Како ќе се ангажира? Госпоѓата го чита ли законот? Има закон според кој не смее да се биде отсутен од работа. И точка! Што ќе прави таа, однапред ќе носи чувари пред службениците? Седум души. Па еден ако се занимава со тоа, што прават другите шест?

обработка на текст: Маја Ивановска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Биљана Јордановска

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share103Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ