Џевдет Хајредини за процесот на „усогласување на ставовите“ за идниот статус на СЈО денеска пишува:
Таканареченото усогласување на ставовите за идниот статус на СЈО, не е ништо друго, освен за принципите на правото, штетна намера за спасување од гонење за извршените кривични дела на тие што десет години заедно беа на власт и државата ја донесоа во состојба каква што ја опишува Германецот Рајнхард Прибе. За жал, најмногу има изгледи оваа намера и да се оствари. Само што тоа е сѐ друго, а не успешна реформа на обвинителството.
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораките секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.
Џ. Д.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.