Џевдет Хајредини денеска со поента во која јавно, директно и лично му се обраќа на премиерот:
При една средба на премиерот Зоран Заев со актуелните директори на Маѓар Телеком, минатата година, Владата излезе со соопштение во кое се истакна дека соработката на компанијата со Владата била искрена и дека и во иднина така ќе продолжи.
Бидејќи толку се истакнува „искрената соработка“, би сакал премиерот лично и јавно да одговори на следното прашање:
Зошто господата актуелни директори на Маѓар Телеком, бидејќи со нив тој лично разговара, не ги замолил искрено да му кажат, на кои државни функционери на Македонија нивните претходни колеги им исплатиле повеќе милионски суми мито, поради што судот во Њујорк ги казнил и парично и со забрана во иднина да ја вршат функцијата?
Инаку, доколку во Македонија не се откријат и не бидат казнети лицата кои земале мито, тоа, за жал, ќе значи дека скриената држава ќе ја добие битката против јавната.
Мисли ли некој во Владата дека, со криењето на овој корупциски мегаскандал со Телеком, од ЕУ побргу ќе ја добиеме поканата за почеток на преговорите?
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.