Обраќање до премиерот Заев, ИВЗ, избори, државна плата за вработувањата според Охридски договор… Објавуваме неколку вообичаено остри поенти на Џевдет Хајредини, собрани во текот на долгиот празничен викенд.
После заменикот на премиерот, останува уште самиот премиер да ја повикува владата да ги почитува одлуките и автономијата на ИВЗ.
Чудно е што Талат Џафери и Стево Пендаровски немаат среќа токму со гласот на Али Амети.
Господине Заев, имам право да очекувам јавно од Вас да добијам одговор на следните прашања:
Според кој член од кој закон, долги години Груевски, сега и Вие, не мал број гласачи на ДУИ ги плаќате од државниот буџет, што го полнат сиромашните граѓани на Македонија?
Дали Вам ви е познато, кои услови треба да ги исполнат лицата кои го стекнуваат правото да се запишат во списокот на „вработени“ според Охридскиот Договор и платата да им се дозначува дома?
Дали сте сигурни, г. Заев, дека никој никогаш нема да одговара за оваа крупна политичка корупција?
И на крајот, според Вас, можно ли е сличен случај да постои во било која држава членка на ЕУ или дури и во Африка?
Во Северна Македонија, која во јуни, слушаме, ќе добие “кристално чиста препорака”, со закон едни добиваат отказ ако три дена не одат на работа, додека други имаат право и десет години да земаат плата без да одат на работа. Не знам дали за оваа “реформа” се информирани Могерини и Хан.
Џевдет Хајредини, политички аналитичар и експерт за финансии, речиси секојдневно ја затресува Мрежата со своите поенти за актуелни настани и состојби. Неговите поенти се размислувања под силна компресија, кратки, јасни и прецизни.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.