Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, во своето излагање на конференцијата „Перспективи 2019“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, упати критика до Владата за тоа дека 2019 година ја најави како економска година за Македонија, велејќи дека секоја година мора да биде економска.
Хајредини зборуваше и за опструкциите на ДУИ во врска со промената на Изборниот законик, за партиските вработувања и случаите на СЈО во кои обвинети се функционерите на оваа партија.
„Странските претставници, независно дали се амбасадори или не, кога доаѓаат тука треба да знаат на кој перфиден начин партиите, посебно ДУИ, ги злоупотребуваат средби со нив. Средба, да, но ќе излеземе и ќе кажеме што сме зборувале или пак ништо нема да кажеме затоа што е тајно“, предупреди Хајредни, посебно во периодот што доаѓа со изборите.
Хајредни рече дека влегувањето во НАТО не ни ги решава внатрешните проблеми, почнувајќи од економијата, завршувајќи со корупцијата.
На конференцијата #Перспективи2019 воведни излагања имаа германскиот амбасадор Томас Герберих, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, проф. Мирјана Најчевска, Џевдет Хајредини (поранешен министер за финансии), Александар Кржаловски (МЦМС), Мерсиха Смаиловиќ (Легис), Кочо Андоновски (Центар за поддршка на ЛГБТИ+) и Фатон Алити. Од ЦИВИЛ зборуваа Биљана Јордановска, Дехран Муратов и Џабир Дерала.
М. Ивановска
Камера: Ариан Мехмети
Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска