• Latest
Фото: Скриншот

Хамас ги објави имињата на четирите израелски заложнички кои ќе ги ослободи утре

January 24, 2025

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хамас ги објави имињата на четирите израелски заложнички кои ќе ги ослободи утре

January 24, 2025 19:55
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Палестинската исламистичка организација Хамас денеска, во согласност со договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, објави имиња на четири припаднички на израелската армија кои утре ќе ги ослободи како дел од вториот круг на размена на нејзини затвореници за Палестинци од израелските затвори.

– Како дел од размената на затвореници, бригадите Изад-Дин ал-Касам одлучија в сабота да ослободат четири жени војници, соопшти портпаролот на военото крило на Хамас, Абу Обеида на Телеграм.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека добил список на заложници кои би можеле да бидат ослободени преку посредник, но детали не се соопштени.

Не е познато колку палестински затвореници ќе бидат ослободени од израелските затвори во замена за четирите заложнички кои се држат во Газа од 7 октомври 2023 година, пренесува Бета.

Израелските медиуми јавија дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се консултира со министерот за одбрана Израел Кац и шефовите на безбедносните служби за тоа како да одговорат на списокот со планираните за ослободување што го објави Хамас.

Договорот за прекин на огнот, наводно, бара од Хамас да ги ослободи сите цивили од заробеништво, пред да ги ослободи женските припадници на израелската армија, постарите и болните заложници. Во средата беше објавено името на една од цивилките кои се очекува да бидат ослободени.

Сега се смета дека неа ја држи друго палестинско движење, Исламски џихад, наместо Хамас, што предизвика загриженост кај израелските власти дека нејзиното ослободување ќе биде одложено.

„Тајма оф Израел“ пишува дека Израел има неколку опции како да одговори на списокот заложници планирани за ослободување, вклучително и откажување на дозволата за Палестинците да се вратат во северна Газа утре или ограничување на бројот на заробеници што треба да се разменуваат.

Извор близок до Хамас најави дека заложниците ќе му бидат предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но не беше соопштено во кое време.

Во првата фаза од прекинот на огнот, кој почна во неделата и ќе трае 42 дена, треба да бидат ослободени 33 заложници од Газа во замена за 1.900 Палестинци кои се наоѓаат во израелски затвори.

Со трите млади жени ослободени минатиот викенд во замена за 90 палестински затвореници, а за утре е закажано ослободувањето на уште четири жени војници, ќе останат 26 заложници кои можат да бидат ослободени во оваа прва фаза. Имињата на заложниците беа претходно предадени, но не и наредбата за нивно ослободување.

Во терористичкиот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, на израелска страна беа убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили, а 251 заложник беа киднапирани и однесени во Газа, од кои 91 се уште се таму.

Според воени податоци, 34 заложници повеќе не се живи. Хамас соопшти дека и некои други се мртви, но Израел не го потврди тоа.

Како одмазда за нападот на палестинските екстремисти, Израел веднаш почна разорна офанзива во опколениот Појас Газа, во која загинаа повеќе од 47.000 луѓе, главно цивили, соопшти локалното Министерство за здравство.

Tags: заложничкиИзраелХамас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ