Се очекува последниот познат жив израелско-американски заложник Едан Александар да биде ослободен во Газа од Хамас денес, пренесува Би-би-си.
Александар (21), служел во елитна пешадиска единица на границата со Газа кога бил заробен за време на нападите на 7 октомври
Од 251 заложник земен за време на нападите, 59 остануваат во Газа, од кои се верува дека 24 се живи
Израел вели дека ќе има „безбеден коридор“ во Газа за ослободување на Александар, но не се обврзал на прекин на огнот
Посетата на претседателот Доналд Трамп на Блискиот Исток започнува во вторник – тој го нарекува закажаното ослободување на Александар „одлична вест“
Висок палестински функционер изјави за Би-Би-Си дека соопштението на Хамас е наменето како гест на добра волја пред пристигнувањето на Трамп
Хамас, исто така, вели дека ослободувањето има за цел да го олесни договорот за помош – Газа е под израелска блокада повеќе од два месеци.
М. Д.