Активистот Бленди Ходаи со видео порака во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“, истакна дека како млад човек има обврска му е да помага на важните процеси во земјава.
„Една од причините зошто изразив желба да бидам дел од Иницијативата на ЦИВИЛ, е токму изреката на филозофот Платон, кој вели дека е граѓанска обврска на сите да бидат дел и да им помагаат на процесите во општеството, и затоа сметам дека мојата задача како млад човек во Северна Македонија, е да им помагам на процесите што се во интерес на земјата, да им помагам на процесите што ќе ги почитуваат разликите и ќе направат разлика, како млади луѓе во нашата земја“, вели Ходаи.
Диана Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети