Активистот Бленди Ходаи во видео пораката во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“, вели дека колку повеќе култури има една земја, толку е таа побогата.
– Етничката, културната и верската различност во Северна Македонија несомнено дека е богатство за целата земја, бидејќи колку повеќе култура има една земја, толку е таа побогата. Лично, секогаш кога сум на конференции на коишто ги претставувам младите од Северна Македонија, се чувствувам горд што ги претставувам, бидејќи меѓу младите има многу различни култури кои ја прават нашата земја побогата, вели Ходаи.
Дијана Тахири
камера: Игор Чадиноски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска