На панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Недискриминација и мултикултурализам во училиштата Бленди Ходаи, претседател на Средношколски сојуз зборуваше за мултикултурата како вредност во семејството и училиштата.
„Ние како сојуз на средношколци кога зборуваме за инклузијата во општеството, секогаш заклучуваме 2 важни феномени. Првиот феномен, корените на проблемите се во семејството. Во нашите семејства се користи говор на омраза кон некои заедници и на тој начин се градат млади кои нема да ја почитуваат мултикултурата како вредност. А тоа е сериозен проблем. Диверзитетот се гледа како закана за жал.
Од семејство одиме во училиште и учиме таму. Жално е кога имаме содржини со говор на омраза како во учебниците по географија и социологија, што значи дека со тоа навредуваат одредени заедници во својата држава. Кога еден млад Албанец учи дека Албанците доаѓаат од друга земја, односно содржина која ги навредува нив. За жал последните години, МОН и општините извршуваат една ситуација кога во училиштата се делат на две згради, пример во струга кога во училиштето има ѕид помеѓу Албанците и македонците за да нема некаков конфликт. За тогашниот министер, тоа беше short term солуција.
Од 1991 јас сум првиот Албанец претседател на средношколски сојуз. А за тоа велат дека Бленди сака да ни ја земе државата. Нас ни требаат училишта кои обединуваат а не кои нѐ раздоруваат. Мултикултурноста во нашата држава се гледа во повеќе јазичноста. Јазичноста е наша мултикултурна предност.
Министерката би дала многу убав пример доколку пред учениците би се обратила на некој друг јазик. За мене е богатство што го знам својот мајчин албански и главниот јазик на државата која живеам.
Ја поздравуваме иницијативата на МОН кои имаат комплетна стратегија како треба да се одвива образованието во нашата земја. Ние се трудиме со сојузот да имаме повеќе фокус групи за да дискутираме со учениците стратегијата и што можеме ние да придонесеме кон стратегијата и образовните реформи. МОН треба да вклучи повеќе чинители за образовни политики. Кога правиш проект треба да се консултираш со сите засегнати страни и политиките да бидат насочени кон барањата што ги имаат засегнатите страни. Ова не може да се скокне бидејќи ќе има реакции од засегнатите страни. За нас како сојуз важно е да има политичка волја за реформите. Ако го земете во пример европските земји, кога се дискутира за образовни реформи, тие секогаш имаат консензус за овие работи.
Политичката сцена е предводена од инаети. Ако сега пример министерката ќе доведе нова добра реформа, и после 3 години ќе се смени власт, поради инаети што ги имаат политичките партии, ќе се вратиме 10 чекори назад.
Нема да дозволиме да се игра со образованието. Кога бараме нешто, одиме до крај и го постигнуваме тоа.“