Активистот Бленди Ходаи со видео порака во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“ вели дека време е да одмориме од минатото, и да се фокусираме на градење на што подобра иднина за младите.
„Време е да одмориме од минатото и да се фокусираме повеќе на иднината, за да напредуваме што побргу и да створиме иднина. Новите генерации што доаѓаат да не ја гледаат својата земја како место од кое само сакаат да го завршат образованието и потоа да си одат од земјата, заради поларизираноста во општеството. Затоа, време е да одмориме од минатото, и да се фокусираме на градење на што подобра иднина за младите.“, порачува Ходаи.
За време на снимањето на видео пораката, Бленди Ходаи беше претседател на Средношколскиот сојуз, средношколец матурант, активен борец за подобрување на образованието и воедно основач на Средношколскиот сојуз.
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.