• Latest

Христијанско братство со закани по живот кон премиерот и други политички лидери

March 29, 2019
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Христијанско братство со закани по живот кон премиерот и други политички лидери

March 29, 2019 12:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ги осудува говорот на омразата од сите политички субјекти и поединци, организирани или неорганизирани групи, како и заканите по животот на премиерот Зоран Заев и другите политички лидери што во своја видео порака ги објави лице што се претставува како лидер на организацијата Христијанско братство, Жарко Гроздановски.

Христијанското братство е една од организациите, блиска до радикалните групации што протестираа против Преспанскиот договор и Законот за јазици, а дел од нив се и членови на партиите од десниот политички блок што ги водеа протестите кои кулминираа со нападот врз Собранието на 27 април 2017 година. Нивни „почесни гости“ на протестите беа Јанко Бачев, Стевче Јакимовски и повеќето други познати и помалку познати радикали. По неколку месечен молк, Христијанско братство се појави преку својот гласноговорник Гроздановски. Наводно, нивното „повлекување“ од јавноста било поради анализирање на „глупостите на политичарите“.

https://www.facebook.com/100024617600499/videos/404266013737315/

Повод за видеото е притворот на еден од нивните членови, Тони Митрески – Северот, поради напад на службено лице на службена должност. Тоа лице, според Фејсбук обраќањето на Гроздановски, само го бранело Уставот, додека останатите се криеле.

Во ова видео, ЦИВИЛ констатира говор на омраза и отворени закани по животот на Премиерот Зоран Заев, но и кон други, неименувани претставници на власта и „сите политички лидери“.

„Немојте во ниеден случај да си играте со Христијанското братство. Ви велам и стојам на нештото што го зборам. Заев, два пати те имав во рака, двапати намерно те пуштив. Немој да ми чепкаш ни еден од моите браќа по вера… Двапати те пуштив, ако не ми веруваш, прашај ги твоите луѓе во УБК. Првпат во Македонски Брод, вториот пат во Јасен и Козјак… Два пати имав прилика да ја запалам Македонија, но се повлеков затоа што дадов збор: На Македонец пушка не дигам… Немој на ниеден мој човек, брат по вера, заколнат на свето место, да си му пуштил пријава и да му се силиш дека ќе го казниш или, не дај боже, да го затвориш… Жими еден крст и вера ќе ве снема и тебе и СДСМ и ДПМНЕ и сите лидери во Македонија… Јас сум Жарко Гроздановски. Момче, ти си предавник!“, е дел од говорот што е објавен на Фејсбук страницата на Христијанското братство.

Останува отворено прашањето, дали на УБК навистина им биле познати плановите за ликвидација на премиерот Зоран Заев и други политички лидери. Освен тоа што треба да се очекува полициско-правна разврска на овој случај, институциите треба да одговорат и на прашањето колку овие закани се сериозни и зошто до сега не се преземени соодветни безбедносни мерки – стои во реакцијата на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Share342TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ