• Latest
Киев, Украина, станбена зграда погодена од руската артилерија, утрината на 26 февруари 2022 (фото извор: Би-Би-Си видео)

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден

February 27, 2022

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Хронологија на руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден

February 27, 2022 10:10
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Киев, Украина, станбена зграда погодена од руската артилерија, утрината на 26 февруари 2022 (фото извор: Би-Би-Си видео)

Киев, Украина, станбена зграда погодена од руската артилерија, утрината на 26 февруари 2022 (фото извор: Би-Би-Си видео)

Share on FacebookShare on Twitter

Хронолошки подредени случувањата поврзани со руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден – 26 февруари 2022.

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вечерва нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина.

Украина ќе формира „ИТ армија“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва најави дека ЕУ ќе и помогне на Украина и во одбраната.

Украина ги затвора границите со Русија и Белорусија, изјави украинскиот премиер Денис Шмихаил.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат утре откако Европската унија се соочи со зголемени повици од Киев да се засили воената поддршка и да се заострат санкциите кон Русија по нејзината инвазија врз Украина.

Урната официјалната веб-страниа на Кремљ.

Претседателот на САД, Џо Бајден: Имаме две опции, една од нив е трета светска војна.

Германија ќе и испорача на Украина 1.000 парчиња противтенковски орудија и 500 ракети земја-воздух „Стингер“ од резервите на Бундесверот за да може оваа нападната земја да се одбрани од руската инвазија, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Повеќе од 150.000 луѓе досега ја напуштиле Украина, соопшти денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска во Берлин ја осуди „големата себичност“ на некои западни земји, „вклучувајќи ја и Германија“, по руската инвазија на Украина.

Британски тенкови пристигнуваат во Естонија како дел од потезите на НАТО за зајакнување на нејзиното источно крило по руската инвазија на Украина.

Главната опозициска партија во Велика Британија го повика премиерот да го протера рускиот амбасадор. Дејвид Лами, пратеник на Лабуристичката партија, во изјава за Индепендент, нагласи дека амабсдорот на Русија во Лондон, Андреј Келин треба да биде протеран.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко најави денеска дека ќе се заостри полицискиот час во главниот град на Украина. Според него, прекршителите ќе се сметаат за „непријатели“.

Санкциите воведени против Русија нема да сменат ништо, операцијата да се заштити Донбас ќе биде спроведена во целина, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев.

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека повеќе од 120 илјади украински бегалци ја напуштиле земјата откако Русија ја започна воената интервенција.

Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко изјави дека 198 Украинци се убиени, меѓу кои и три деца, откако Русија ја почна инвазијата врз својот западен сосед во четвртокот. Во објава на Фејсбук, Лиашко исто така вели дека 1.115 Украинци се ранети, меѓу кои 33 деца, во тридневните борби.

Руските власти им порачаа на медиумите во државата да не користат зборови „инвазија“ и „напад“.

Светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина откако Москва започна инвазија на својот прозападен сосед, предупреди денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ