По претресот по налог на Јавното обвинителство во стан4ето во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, биле пронајдени и одземени 4 пиштоли, но и боксерски вреќи, во рамки на истрагата за случајот „Плацевите на Водно“, велат извори блиски на истрагата.
Несудениот боксер, поранешниот премиер Никола Груевски во ексклузивна изјава за нашиот медиум вели дека една од целите на упадот и хајката на репресивните органи на власта во неговото живеалиште во Скопје била и дефокусирање на јавноста.
„Најновата лажна вест е дека пронашле оружје без дозвола во мојот дом во Скопје. Тоа е неточно. Имав дозвола за тие пиштоли пред да заминам на „боксерски подготовки“ во Будимпешта. Полицијата ми ги заплени боксерските вреќи, со кои тренирав во младоста кога сакав да станам боксер, но судбината посака да станам премиер на Македонија. Меѓутоа, мојата желба за боксерска кариера никогаш не згасна, затоа по моето политичко пензионирање, решив да дојдам во Будимпешта (без никој да знае) за да се подготвувам добро и кога ќе се вратам во Македонија да влезам спремен „во рингот“, ни изјави Груевски.
Тој сепак не тагува многу по запленетите боксерски вреќи, бидејќи како што вели: „Нека им ги дадат на затворениците во Идризово да имаат и тие на што да тренираат“.
Роки
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.