Парламентот на Република Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата гласаа 140 пратеници, а против и воздражни немаше.
На ратификацијата присуствуваше и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.
„За“ гласаа ГЕРБ, Обединети патриоти, ДПС, Волја и независните пратеници. Ратификувањето помина без присуство на левицата во пленарната сала.
Бугарија е четврта земја која го ратификуавше протоколот. Претходно тој доби зелено светло во парламентите во Грција, Словенија и Албанија.
Откако сите земји-членки на НАТО ќе го ратификуваат договорот, се очекува земјата да стане триесеттата членка на Алијансата.