Продемократските протести продолжуваат и денес (понеделник, 18 април) во Скопје, во исто време – 18,00 часот и на иста локација – пред Специјалното јавно обвинителство, во знак на поддршка на институцијата од која граѓаните очекуваат враќање на правната држава.
И рутата на продемократските демонстранти ќе биде истата: пред Собранието и пред Владата, потоа, пред Министерството за правда и Народната канцеларија на претседателот, и на крајот, пред полициската станица „Центар“ и седиштето на ВМРО.
И попладнево и вечерва, тимовите на ЦИВИЛ ќе бидат меѓу демонстрантите и редовно ќе известуваат за случувањата на улиците на Скопје.
Но набљудувачките тимови на ЦИВИЛ денес ќе известуваат и за најавените протести низ целата земја, во Струмица, Битола, Велес, Куманово, Штип…
Протестите на граѓан(к)ите обединети во лутината кон тековниот безизлез и во поривот за подобра иднина, поставена на демократски темели се отворени за сите кои сакаат ПРАВДА. Веднаш!