• Latest

И Љубљана со апел кај сите да преовлада разумот за продолжување на евроинтеграцијата на земјава

April 4, 2023
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Француската влада ризикува колапс со гласање за доверба на буџетот во септември

August 26, 2025

Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за намалувањето на бројот на советници

August 26, 2025
Фото: шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки/ Х

Ветото на полскиот претседател не го загрозува пристапот на Украина до Старлинк, тврди канцеларијата на Навроцки

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија го протера иранскиот амбасадор откако разузнавачката агенција откри дека Иран стои зад антисемитските напади на нејзина територија

August 26, 2025

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи

August 26, 2025
Фото: СКриншот од видео на ВВС

Израелските семејства на заложниците во Газа ги блокираат главните патишта за време на протестите во градовите низ Израел

August 26, 2025
Фото: Wikipedia/federalreserve.gov

Трамп нареди разрешување на гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук – голема ескалација во неговата битка против американската централна банка

August 26, 2025

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И Љубљана со апел кај сите да преовлада разумот за продолжување на евроинтеграцијата на земјава

April 4, 2023 08:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера се придружи на апелот што претходно го упатија повеќемина претставници на ЕУ и лидери на земји членки на Унијата, државава да ги спроведе уставните измени и да не си ги блокира сама своите европски перспективи. По средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Љубљана, Голоб истакна дека процесот на евроинтеграција на Северна Македонија не смее да запре и оти верува дека ќе преовлада разумот кај сите политички субјекти во државата и тие ќе го разберат историското значење на овој момент.

Голоб оцени дека промената на Уставот е тежок процес, кој мора да се случи, бидејќи станува за историска можност која нема врска со партиска припадност.

– Верувам дека тоа е тешка задача, но се надевам дека ќе преовлада разумот во Северна Македонија кај сите политички субјекти и дека тие ќе го разберат историското знаење на овој момент и дека овој процес мора да биде завршен што побрзо како што е предвидено. Се работи за историска можност која нема врска со партиска припадност, туку има врска со иднината на целиот македонски народ. И затоа сметам дека партиите тоа мора да го имаат предвид. Словенија на кој било начин ако може да помогне, дали со дијалог или со презентација, тоа ќе го направи, рече Голоб.

Според него, Словенија стои цврсто на ставот дека сегашниот процес на преговори не смее да запре со внесување дополнителни билатерални прашања во агендата.

– Ќе инсистираме да одиме понатаму со оние процеси кои веќе беа договорени со промената на Уставот и дека не смее да се внесуваат од друга страна никакви дополнителни барања во процесот на продолжување на преговори. Овој аспект е многу значаен бидејќи, за жал, се покажа дека соседите, и ние имавме такво искуство, се обидуваат да добијат нешто повеќе од државата и тука ќе стоиме на овој став, рече словенечкиот премиер.

Тој изрази надеж дека до крајот на ноември ќе се исполнат сите услови и дека во декември ќе биде констатирано дека Северна Македонија ги исполнила сите услови од договорот.

Северна Македонија, како што рече, е еден од позначајните фактори на стабилност во Западен Балкан и единствениот начин на стабилизација на регионот е неговото приклучување кон Европската Унија.

Голоб посочи дека Бугарија е држава која е свесна како е кога некој ќе те исклучи од постапката кога имаш право за понатамошна европска интеграција, како што е случај со нејзиното блокирање за прием во Шенген зоната.

– Верувам дека ќе има разбирање и за прашањето на Северна Македонија. Мислам дека се работи за јасна порака дека нема друг пат за Бугарија и за Северна Македонија, потенцира словенечкиот премиер.

Премиерот Димитар Ковачевски, од своја страна, се заблагодари за континуираната, силна и отворена поддршка од Словенија за демократскиот и евроатлантски развој на Северна Македонија, но и за сегашниот моментум и шансите да се направи нов конкретен исчекор во преговарачкиот процес, со конечна цел – полноправно членство во Унијата.

– И затоа од овде, од Словенија, сакам да порачам дека Република Северна Македонија и македонските граѓани ја препознаваат својата улога во регионален и европски контекст. Силно верувам дека ќе останеме посветени и успешно ќе чекориме на европскиот пат, иако некои внатрешни и надворешни сили, можеби не го посакуваат тоа, порача премиерот Ковачевски.

Поддршка за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ изрази и словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни и европски прашања Тања Фајон на средбата со премиерот Ковачевски, нагласувајќи дека Словенија ја охрабрува земјава да продолжи во насока на ново придвижување во евроинтеграцискиот процес и фокусирајќи се на правење конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржување на актуелниот реформски моментум.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, пак, порача дека продолжувањето на патот до ЕУ сега не зависи ниту од Софија, ниту од Атина, ниту од Париз, ниту од Берлин, ниту од никого, туку од одлуката дали сакаме да продолжиме со реформите и пристапните преговори.

– Сметам дека вистинското прашање е дали сакаме да го фатиме најбрзиот воз за членство во Европската Унија, а не е дали можеме да смогнеме сили да ги направиме неопходните уставни измени, што ги има во нашата преговарачка рамка, смета Маричиќ.

Тој во интервју за платформата #Деполаризирајсе посочи дека имаме време до ноември, до крајот на скринингот, да ги завршиме обврските и доколку тоа го направиме, со одговорност, зрелост и свесност на сите политички актери, можеме да очекуваме во декември оваа година или во јануари идната година, да ги започнеме преговорите за Кластерот 1 и поглавјата во него.

Според него, уставните измени се можни и остварливи, само прашање е дали ќе успеат оваа година. Иако, како што рече, времето покажало дека што повеќе ги одлагаме обврските тие стануваат потешки и проблемите стануваат поголеми.

– Мислам дека нам ни одговара што поскоро ова да го завршиме затоа што тоа ќе ни ја отвори вратата, дури и без да ја прашаме Бугарија. Така пишува во заклучоците. Автоматски се свикува втората меѓувладина конференција и веќе влегуваме во сосема друго ниво на односи со Европската Унија, потенцира Маричиќ.

Евроамбасадорот Дејвид Гир при вчерашната работна посета на Општина Дебрца порача дека прашањето околу вметнување на Бугарите во Уставот е суверена одлука што треба да ја донесе самата држава.

– По однос на прашањето имам две забелешки, а кои не се дел од јавната дебата по прашањето. Всушност, првата е дека живееме во исклучително важни времиња, со нов моментум во контекст на процесот на проширувањето на ЕУ, низ случувањата во Западниот Балкан. Тоа се заснова врз цврстата констатацијата дека се работи за заеднички интерес на ЕУ и на Западниот Балкан, како на економски така и на безбедносен план, рече Гир.

Фото: миа.мк

Кога станува збор за земјава, Гир рече дека патот за членство на државата кон ЕУ е отворен, преговорите се во тек и Брисел сака да ја види земјата како полноправна члена на Унијата, со интерес за продолжување на тој процес.

– Што е однесува конкретно на измените на Уставот за вклучување на лицата кои се самоидентификуваат како Бугари, всушност тие промени нема да бидат драматични, оттаму што ќе бидат само консолидација на и онака добрата оценка што ја ужива земјата кога станува збор за уредувањето на меѓуетничките односи. Инклузијата на одредени заедници во Уставот не ги загрозуваат националните интереси на државата, нагласи Гир. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГирГолобКовачевскиМаричиќСеверна МакедонијаСловенијауставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ