• Latest
Тепаниот новопечен Бугарин, Пендиков, се најде и во странските медиуми како „бранител“ на македонското име во 2018 година.

И тепаниот од вмро, и тепачот од вмро – погодете кој ги предизвикува инцидентите меѓу Бугарија и Македонија!

January 23, 2023
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

И тепаниот од вмро, и тепачот од вмро – погодете кој ги предизвикува инцидентите меѓу Бугарија и Македонија!

January 23, 2023 16:14
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Тепаниот новопечен Бугарин, Пендиков, се најде и во странските медиуми како „бранител“ на македонското име во 2018 година.

Тепаниот новопечен Бугарин, Пендиков, се најде и во странските медиуми како „бранител“ на македонското име во 2018 година.

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Не знам што повеќе шокира – леснотијата со која вмровците се впуштаат во операции за предизвикување насилство, страв и поделби во општеството или инфантилноста што ја манифестираат, мислејќи дека не се веќе одамна прочитани.

Насилниот инцидент во Охрид, во кој настрада активист со бугарско „самочувствие“, по којзне кој пат, ја открива „доктрината“ на вмровците – редовно да посегнуваат по насилството како средство за политичка „комуникација“. Што, всушност, се случи?

И тепаниот од вмро, и тепачот од вмро. Јадат ќотек, ако треба и од своите, само за да наштетат на процесите. Важно е да се врти парата, би рекле некои.

Потврдено и со фотографии, тепаниот „бугарски активист“, Христијан Пендиков, всушност, е истакнат член и активист на вмровската Унија на младите сили. Меѓу другото, тој на социјалните мрежи има напишано и „не дај боже да имам бугарски пасош“, учествува во насилни протести, меѓу другите и против Преспанскиот процес и за поддршка на напаѓачите од Крвавиот четврток (27 април). Со гордост објавува и фотографии со првите вмровци, Мицкоски и Николоски.

И тепачите се вмровци. Едниот од напаѓачите е дури и вработен во администрацијата на вмровскиот градоначалник на Охрид, Пецаков.

Ако се погледнат инцидентите во минатото, помали, но и многу поголеми, не е тешко да се погоди кој ги предизвикува инцидентите меѓу Бугарија и Македонија. Сите опструкции, протести, насилства, говор на омраза, негирање и медиумски манипулации поврзани со процесите на подобрување на односите на нашата земја со соседните држави потекнуваат од едно место – Белата Палата.

Практично, реторички се прашањата поврзани со креирањето и дистрибуцијата на говорот на омразата и дезинформациите поврзани со Бугарија. Одговорите се повеќе од очигледни.

Главниот извор, матицата од која произлегуваат сите провокации од македонско тло против Бугарија е токму вмро-дпмне и никој друг. Тоа барем не е тешко да се установи.

Веројатно, освен јавноста која ги поставува прашањата, со ова треба да се занимаваат и институциите. Зошто? Затоа што, ако се утврди постоење на групи за ширење омраза и предизвикување насилни инциденти, тогаш сè станува далеку посериозно.

Се работи за долгогодишна „наивна“ омраза против Бугарија и Бугарите што ја шири токму партијата во чии редови има не мал број функционери со бугарско „самочувствие“ (и пасош). Неодамнешниот инцидент во Охрид е само еден од многуте.

Овие „специјални операции“ против Бугарија не се наивни. Како што не беа наивни ниту во времето на Преспанскиот процес и други важни настани и клучни процеси за нашата земја. Оттаму, загрижува отсуството дури и на дебата, камоли институционална и медиумска реакција, на грубиот атак против македонските национални интереси. Сè што прават вмровците поминува некако незабележано, за неказнето и да не говориме.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ