• Latest

И „Тврдокорните“ не издржаа!

September 8, 2017

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

И „Тврдокорните“ не издржаа!

September 8, 2017 12:33
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението „Тврдокорни“ преку соопштение побара оставка од претседателот и потпретседателот, бидејќи, како што стои во соопштението, и двајцата отворено искажувале партиска пристрасност и не ги почитувале одлуките на Советот. 

„Со оглед на тоа што и претседателот и потпретседателот се членови на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа што работејќи самостојно, сакаат да го злоупотребат здружението за сопствено докажување во партиските кругови, со оглед на многу кочници за организациско развивање на здружението, со оглед на директното непочитување на сегашниот највисок орган Советот, секретарот како соосновач на здружението повика, со цел да се зачува партиската неутралност, да се пристапи кон одземање на нивното привремено претседателство и за во иднина да се избере ротирачко претседателство. На овој предлог тие возвратија со негово исклучување. Што исто така е без одлука на Советот“, се вели во соопштението.

Претседателството, пак, вчера, во објава на нивната Фејсбук-страница го обвини секретарот на здружението, Горан Неделкоски, дека е продолжена рака на СДСМ и инфилтриран кодош.

„Лицето Горан Неделкоски – Сард, како поранешен член и секретар во МПЗ ТВРДОКОРНИ има толку лошо направено на здружението, дејствувајќи како инфилтриран КОДОШ и продолжена рака на СДС и неговата верна дружина. Доброто е во тоа што навреме го откривме него и уште двајца негови послушници кои впрочем, ја кочеа патриотската работа на МПЗ ТВРДОКОРНИ.
Исто така сакаме да ви соопштиме дека тие тројца на чело со Горан Сард, беа најголемите противници за одржување на маршот по мотото „АБОЛИЦИЈА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ“.
Тој истиот формирал паралелно здружение на МПЗ ТВРДОКОРНИ, на кое му го дал името ТВРДОКОРНИ – ДЕСЕН СЕКТОР!
Јавно се оградуваме од групата ТВРДОКОРНИ ДЕСЕН СЕКТОР и од овие лица кои имаат партиска задача за растурање на МПЗ ТВРДОКОРНИ.
Сликата е сликана во Прилеп со активисти на СДС и министерот Димитров, а Горан Неделкоски-Сард е тој најлево на сликата!“, стои во Фејсбук објавата на Здружението.

Од здружението, во своето соопштение, велат дека во овој момент, претседателот и потпретседателот чиј мандат е веќе изминат, не контролираат ништо од здружението, освен Фејсбук страницата, на која ги пласираат невистините за секретарот Неделкоски. Сè останато, се вели во соопштението, е во рацете на Советот на здружението.

„Претседателот и потпретседателот надвор од партија досега немале ниту една друга позначајна патриотска активност. Ова им е прво патриотско делување во животот. Тие немаат никаков удел во идеологијата ниту во нешто од она кое се објавуваше од ‘Тврдокорни’ на Фејсбук, блогот, во соопштенијата итн. Во идеологијата на ‘Тврдокорни’ нивното учество е блиску до чиста нула. Партискиот рак разви тешки метастази кои го убиваат македонското ткиво. Со тие метастази кои прват штета насекаде, треба да се бориме во секој сектор од македонското живеење. А посебно и најтешка е неговата штета, како и неговото отстранување од родољубните кругови“, велат од „Тврдокорни“.

Здружението кое се претставуваше себе си како натпартиско здружение, и кое досега огранизираше два марша во Скопје, сепак, не успеа да ги издржи партиските препукувања и да ја докаже својата натпартиска цел.

Маја Ивановска

 

 

 

 

Tags: „Тврдокорни“ВМРО-ДПМНЕГоран НеделкоскиМакедонијамаршпартиипартиски препукувањарасколСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ