• Latest

И Вишото обвинителство го штити Неделковски!

June 22, 2016
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

И Вишото обвинителство го штити Неделковски!

June 22, 2016 14:14
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија со став дека „обвинителот Шаќири си поигрува мајтап со правниот поредок на земјата… Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење“

„Не сум изненаден од одлуката на Вишото обвинителство да ја отфрли пријавата за говорот на омраза што го шири Миленко Неделковски. Во низа други случаи, Обвинителството носи одлуки според партиски интереси, а не во служба на правдата“, изјави за ЦИВИЛ Медиа новинарот Борјан Јовановски, по повод  одлуката на Вишото јавно обвинителство во Скопје, според кое, изјавите на Неделковски „не се изјави со кои се поттикнува омраза, дискриминација и насилство, туку се само искажани ставови за физички лица“.

liberas.mk
Борјан Јовановски

„Физичките лица“ за кои Неделковски изнесуваше ставови, покрај Јовановски се и  новинарите Бранко Геровски, Ацо Кабранов, Јадранка Костова и Сашо Орданоски.

Во декември минатата година Неделковски во порака на Фејсбук, експлицитно на новинарите им се заканува со линчување и покривање со бетонска плоча!

„Кога ќе излеземе со народот на улица, кога ќе ни прек…., а тоа е наскоро, јас со мојата група ќе одам по овој ред:
1. Дома кај Б
.Г. да му го исправам погледот.
2. Потоа
, кај семејството од Брајчино со шиптарска снаа. Е, таму, ќе има циркуси.
3. Па
, кај оној што дува на полноќ.
4. После кај С
.О. каде ќе го барам и брат му В.О.
И на крај
, кај ‘Берович Бетон’, да нарачам цемент за плочата. Железо ‘12-ка’ имам“, напишал Неделковски.

Од Здружението на новинари на Македонија реагираа на одлуката на обвинителот од Вишото јавно обвинителство во Скопје, Азиз Шаќири, за кого, со ваквите ставови на Неделковски не се поттикнува омраза, дискриминација и насилство, туку се само искажани ставови за физички лица.

„Шаќири практично само го потврди решението на обвинителката Јасмина Костевска Здравевска од Основното јавно обвинителство во Скопје, која во март годинава го одби нашето барање за гонење на Неделковски. Обвинителот Шаќири си поигрува мајтап со правниот поредок на земјата. Место издржана обвинителска одлука, носи политички памфлет, со која преку селективна примена на законите, се обидува да ги штити од прогон пропагандистите на власта и тогаш кога очигледно се закануваат со насилство и шират омраза.

Станува јасно дека смртните закани кон новинарите се порачани од врвот на власта, која го користи Неделковски како мегафон да предизвика страв и несигурност кај новинарите и да ги одврати од намерата да пишуваат за нејзините недемократски практики на владеење. Исто така, власта преку агресивна  медиумска кампања сака да ја наруши довербата и кредибилитет на сите новинари што ја критикуваат неа“, соопшти ЗНМ..

Од ЗНМ го повикуваат Здружението на обвинители да го осудат ваквото скандалозно решение, а Советот на јавни обвинители да се произнесе за незаконското, нестручното и несовесно постапување на обвинителот. ЗНМ за случајот ќе ги извести сите амбасади во Скопје.

Новинарот Јовановски за ЦИВИЛ Медиа изјави дека неодамнешното убиството на пратеничката во Велика Британија е извршено поради ширење на говор на омраза.

„Доколку во иднина се случат некои несакани работи, тоа ќе биде на совеста на Обвинителството“, вели Јовановски.

ЦМ

Tags: Азиз ШаќириАцо КабрановБорјан ЈовановскиБранко ГероскиЗНМЈадранка КостоваМакедонијаМиленко НеделковскиобвинителствоСашо ОрданоскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ