• Latest

ИАБ Македонија усвои саморегулаторен етички кодекс на онлајн издавачите

April 3, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИАБ Македонија усвои саморегулаторен етички кодекс на онлајн издавачите

April 3, 2018 14:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија едногласно усвои Саморегулаторен етички кодекс на добри професионални практики во дигиталното издаваштво на територијата на Република Македонија“ со кој се пропишуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики на медиумските издавачи во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми.

Од ИАБ посочуваат дека Кодексот е прв чекор во процесот на средување и зајакнување на дигиталниот пазар. Покрај останатите одредби, тој предвидува и посебни правила за преземање  содржини од други извори, заштита на податоците на корисниците, транспарентност на издавачите на дигиталните медиуми, продажба на реклами и комерцијални објави…

– Ова е значаен чекор кон исполнување на нашата цел за зголемување на кредибилитетот на онлајн медиумите, а со тоа и обемот на целокупниот огласувачки колач предвиден за домашните дигитални издавачи. Со Кодексот сакаме да направиме дистинкција на транспарентните и професионални дигитални издавачи и да им дадеме поголема вредност во целиот медиумски и огласувачки еко-систем, па оттаму ги повикуваме сите сериозни интернет-издавачи и тие што претендираат да бидат такви, да го прифатат Етичкиот кодекс на ИАБ, без разлика дали се или не се членови на здружението, изјави Борис Ефтимовски, претседателот на ИАБ Македонија.

Сите медиумски издавачи кои ќе го прифатат Кодексот ќе добијат специјален „ИАБ Беџ“ и ќе бидат внесени во посебна база на сајтот на ИАБ Македонија, со што на огласувачите и маркетинг-агенциите ќе им биде испратен сигнал кои медиумски издавачи ги почитуваат саморегулаторните етичките начела и се придржуваат кон фер практиките на делување.

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија претставува водечка асоцијација за унапредување на дигиталниот пазар во Република Македонија, формирана од најголемите македонски дигитални медиуми, маркетинг-агенции и огласувачи. ИАБ Македонија фукнционира под лиценца на американскиот ИАБ со седиште во Њујорк.

[divide]

извор: МИА

Tags: Етички кодексМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ