• Latest

Иљази: Нема слободни медиуми без слободно општество

February 15, 2018

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Иљази: Нема слободни медиуми без слободно општество

February 15, 2018 15:42
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бесим Иљази, новинар и директор на вестите на ТВ Арт од Тетово, зборува за слободата на изразување, медиумските слободи и за притисоците со кои се соочуваат новинарите денес.

ЦИВИЛ Медиа: Што за Вас претставуваат слободата на изразување и медиумските слободи?

Иљази: И двете категории зависат од општествените услови. Не можете да имате слобода на изразување или слободни медиуми без соодветни услови. Без слободно општество не може да имаме слободни медиуми. Двете категории се поврзани меѓусебно.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин Вие како новинар придонесувате или можете да придонесете во борбата за слобода на изразување и медиумски слободи?

Иљази: Ние немаме магично стапче. Како што реков, слободата на медиумите зависи од општествените услови во кои делуваме, како медиуми, како новинари и како општество на крајот на краиштата. Не може да имаме слободни медиуми без слободно општество кое нема предрасуди, општество кое е отворено со сите демократски капацитети кои ги имаат западните земји. Не случајно таму има и послободни медиуми и послободно општество и слобода на изразување.

ЦИВИЛ Медиа: Дали досега сте се соочиле со притисоци од политичките и бизнис центри на моќ и како се справувате со истите?

Иљази: Притисоци во класична смисла, како што имавме порано, на почетоците на 90тите или во претходниот систем, нема. Меѓутоа постои тој софистициран начин на притисок. Постои некаква софистицирана форма на вкусови на кои медиумите им подлегнуваат, без разлика дали се работи за политички или бизнис интереси. За жал.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на борбата за слободни медиуми?

Иљази: За жал ние по осамостојувањето само глумиме решенија за медиумската фела и носиме ад-хок решенија. Јас мислам дека треба систематски да му се пристапи на проблемот, преку јавни дебати, а не за нечии договори и интереси. Ние имаме парцијални закони кои не го решаваат проблемот на медиумите, новинарите и медиумските работници. За жал, овие решенија секогаш се носени во контекст на некои политички услови, а не за медиумите. Секогаш се носат решенија за други, или доволно не се консултираат новинарите преку јавни дебати за да се слушнат нивните проблеми. Да заклучам, треба систематски да му се пристапи на проблемот ако сакаме да имаме слободни и независни медиуми.

Маја Ивановска
Камера: Атанас Петровски


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Бесим Иљазимедиумски слободислобода на изразувањеТВ Арт
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ