• Latest

Иде циклонот Девица!

October 22, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Иде циклонот Девица!

October 22, 2018 10:11
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Левица не престанува да се натпреварува со Јанко Бачев во тоа кој ќе тропне поголема глупост. Срам да им е, навистина му се голема конкуренција, а колку се намачи Бачев, пустиот. И името на своето партииче, големо колку пола дуќанче му го смени, во пресрет на неговата „херојска“ борба против промена на името. Нели е голема и смешна глупост тоа? Па Бачев е во години, не треба овие десничариве од Левица вака да му прават!

Џабир Дерала

Утрински лево-десничарски разговор со Бачев

– Па што ти направија сега тебе, Бачев, овие безобразни десни левичари? – го прашувам Бачев утрово.

– Како „па што“? Глеј ги какви соопштенија објавуваат, па! – пелтечеше Бачев и гласот му трепереше – „Јес да сме од иста страна, а тебе те мразиме, пошо си Шиптар и за многу други работи, ама ова не е фер шо ми го прават! Можев и ја едно такво соопштение да напишам, ама зафатен сум со финансиски извештаи, конверзија денар – рубља, не е мала работа! Да ме почекаа бар, заедничко да биде!“ Морав да му спуштам, за да седнам да ја напишам оваа колумна…

Јако, брат! Соопштениево…

Навистина, соопштението за „народна самоодбрана“ е нешто меѓу лош и ептен лош обид да се пишува во стилот на Монти Пајтон. Десница/Левица го наруши својот неделен попладневен комодитет и не дозволи премногу да очајува поради неуспехот на нивната „руска“ кампања и излезе со многу „јако, брат!“ соопштение.

Овој грст фолиранти побара „итно распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори. Формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори“. Доообро… Ајде да направиме техничка влада. Ма, каква техничка! Ќе биде тоа идеолошка влада, сенародна!

Спремете се за нова влада!

Една таква влада, нормално, би ја предводел Здравко Савески, а вицепремиер за односи би било хистеричното професорче. Се мисли на односи со Русија, се разбира. Воедно, тој ќе биде и министер за правда, жестока, десно-левичарска, што со предавниците ќе се пресмета со нивно колективно фрлање во ендек. Тој ќе заземе уште неколку позиции во владата, а ќе биде и директор на едно 300-400 институции, оти „немат љуге, брат!“.

Во тие откачени сништа, нема кој друг да биде министер за внатрешни работи, освен Јанко Бачев. За да бидат штедливи (немат љуге), тие ќе го назначат Бачев и на уште некои 30-40 други раководни позиции во МВР (не е толку ербап како професорчето, сепак). Бачев веднаш ќе се самоназначи и за командир на полицијата во Струмица, од повеќе или помалку разбирливи причини (фрустрации од детството и адолесцентското доба, нали?). Новата разузнавачка служба ќе биде наречена КГБ и нејзин шеф, природно, ќе биде токму Бачев.

Тој ќе биде назначен и за министер на неколку други ресори во владата, а ќе биде и главен опозиционер, поддржан од Русија.

За разлика од сегашната влада, тие ќе имаат и родов баланс, па ќе ги земат и антиталентираните професорки-тоталки како Каракамишева и Ванковска, а нема да ги заборават ни Солза и Жугиќ. Тие ќе држат ресори за добро воспитание, култура, образование, убавина и памет, а ќе го водат и бифето во владата. Ќе го опремат и со шипки и лајтшоу, за навечер да општат со елитните кругови на партиите на власт од кои едната ќе биде и опозиција.

Ќе ги преплавиме улиците, брат! Брат!

Патот до остварување на овој сон е прилично лесен. Улица, брат! Па вели: „Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот!“

Со ова, конечно, Девица (десна левица = девица) ни откри дека некако влегле и во парламент, можеби не со пратеничко место, но штом велат дека и со парламентарни начини ќе се борат, имаат некој веома врло добар план.

Ах, заборавив!

Па, тие сметаат на пратеничките и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, колку сум наивен понекогаш! ОК, малку им се намали бројот, бидејќи дел од нив се одметнаа и им свртеа грб на руските „герои“ Мицко, Грујо и остала братија. Но, сосема доволно за жестока борба со која ќе ги преплават улиците, брат!

Обзнана

Девица откриваат дека се и југо-носталгичари. Ама не по онаа социјалистичката Југославија, та нели се десничари! Тие со романтика се сеќаваат на времето кога Краљевината со злогласната Обзнана ја забрани Комунистичката партија и ја воведе 6-јануарската диктатура во 1929 година. ОК, имаше Обзнана и во 1920…

Па така, во своето веома врло опасно, ме-разбираш-брат, соопштение тие велат: „Обзнануваме дека во секоја наредна фаза на гласањето на контроверзните уставни промени ќе бидат организирани масовни антивладини простести под мотото #НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМска Македонија!“

Чувајте се луѓе! Купувајте зејтин, брашно, батерии… Иде циклонот Левица/Девица/Бачевица! Немој да биде после „не сме знајале“… Си кажаа луѓето во својата „Обзнана“:

„Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители (читај Бачев, м.з.) кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република.“

А бе, поплава од љуге, брат! Тие за во влада немат љуге (брат!), инаку вака, за на улица, па нема место да има доволно, па по покриви ќе мора да протестираат!

Бачев демантира

Се разбира, сега очекувам да се јави Бачев со демант. Ќе тврди дека оваа козерија ми ја напишала германската безбедносна служба (БНД), како што тврдеше дека нашите извештаи од изборниот мониторинг ни ги прави токму оваа германска државна служба. Еден вмровец тогаш ме праша колку пари сум му платил за рекламата. Сигурен сум дека Бачев во некое од неофицијалните обраќања во иднина, ќе ме замоли да напишам нешто вакво, ама со него како главна личност. Мислам дека ќе му ја исполнам желбата. Ни тој, како ни Левица не заслужуваат внимание ни колку за половина мој збор, ама на моменти ми се забавни, па ги ставам под прстиве.

Ај да бидам сериозен уште некој ред… Иако е смешно и гротескно дејствувањето на овие веќе одамна прочитани божемни левичарчиња, нивната „Обзнана“ е сигнал дека ниту руската амбасада во Скопје, ниту Фамилијата (барем дел од неа) не се откажуваат од битката за дестабилизација и задржување на Македонија во минатото. Во моментов немат љуге (брат!), ама ќе скрпат по нешто, имат ушче нешчо пари (брат!).

 


илустрација во прилог на текстот: Евгениј Пономаров – „Јуриш на мртовците“

Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share105TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ