• Latest

Игнорирањето не е решение

November 30, 2020
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Игнорирањето не е решение

November 30, 2020 11:31
in ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Беса Арифи

Во Северна Македонија злосторствата од омраза се реалност за којашто зборуваат само невладините организации. Де јуре, злосторствата од омраза во нашата земја се казниви по закон. Кривичниот закон на Северна Македонија е исполнет два пати во врска со ова прашање, во далечната 2009 година, и сега во 2018 година. Како и за многу други прашања, законот предвидува заштита за граѓаните од оваа форма на злосторства, но сепак, де факто, спроведувањето на овие диспозиции во пракса, оставаат многу …

Ако се гледаат статистиките од невладините организации, се забележува дека во нашата земја доминираат злосторствата од омраза, мотивирани од меѓуетничка омраза. Овие злосторства се на врвот на списокот на мотивите на овој криминалитет, составен од Хелсиншкиот Комитет за човекови права во рамките на програмата „Злосторства од омраза“. Ако ги погледнете статистиките од ОБСЕ за оваа проблематика во реонот, ќе забележите дека Северна Македонија нема официјални статистики. Официјално, во нашата земја не постојат злосторства од омраза. Тие постојат само напишани во законот. Додека ние сведочиме за истите секојдневно, како што ги гледаме пријавени како инциденти од  омраза од страна на невладините. Игнорирањето не не прави да изгледаме подобро ниту едни пред други, ниту во очите на светот. Со игнорирање, овој проблем се става под тепих. Игнорирањето мора да заврши и нашите институции мора отворено да се соочат со оваа форма на криминалитет. Ова ќе биде доказ дека Северна Македонија не само декларативно, туку и институционално решила да ги смета различностите како вредност и без страв да ја третира омразата.

Злосторство од омраза е секое кривично дело коешто се прави заради некаква групна карактеристика на жртвата. Што значи дека делата од омраза се сметаат за потешки кривични дела отколку вообичаените, бидејќи тие го таргетираат идентитетот на жртвата. Кај овие дела жртвата се напаѓа затоа што е Албанец, Македонец, Турчин, муслиман, католик или православен. Овие дела таргетираат групи полови групи со заеднички карактеристики. Ги таргетираат жените како група, лицата со посебни потреби како група, ги таргетираат лицата од ЛГБТ заедницата како група, емигрантите како група… Токму ова групно таргетирање ги прави овие дела посериозни од другите. Казните за овие злосторства се потешки и таргетирањето на една личност заради групна припадност е секогаш отежнувачка околност според законот.

Зошто е важно да се гонат овие злосторства. Затоа што групното таргетирање на жртвите на злосторот може да има големи последици по целото општество. Да не заборавиме никогаш дека во светот, најтешките говори на омраза започнале со мали чекори.

Кога Хитлер држел говори во дваесеттите години од минатиот век, на коишто ги дехуманизирал Ромите или Евреите, никој не го сфаќал сериозно, никој не можел да замисли дека само по неколку години Холокаустот ќе биде реалност. Кога Хуту се изразувале на дехуманизирачки начин за Тутсите во Руанда, никој не помислил дека ќе се случи геноцид во текот на само 100 дена во 2004 година во таа земја. Проблемот со говорот на омраза и со злосторствата од омраза се состои во фактот што тие трасираат еден многу ризичен пат, чиј крај може да биде фатален за многу луѓе и голема траума за човештвото. Затоа злосторствата од омраза треба да се третираат веднаш кога ќе се појават, и да не се остава да ескалираат вртоглаво, со несогледиви и непоправливи последици.

Адекватното и институционално третирање на злосторствата од омраза од страна на државните органи, е есенцијално за зачувување на демократијата и еднаквоста на граѓаните. Во моментот кога овие злосторства нема да се третираат на соодветен начин, граѓаните од одредени припадности не се чувствуваат безбедно во своите домови, во своите населби, во својата држава. Оваа небезбедност ги прави сомнителни кон својата држава, којашто не им ја нуди потребната заштита. Оваа небезбедност ги прави маргинализирани. Оваа небезбедност прави да се чувствуваат туѓи во својот дом, својата населба, во својата држава. Небезбедноста никогаш не резултира со нешто добро и често е причина за други проблеми.

Европската Унија има посебни механизми за третирање на злосторства од омраза. Прилагодувањето на овие механизми на нашето законодавство и судска пракса ќе биде еден од неопходните чекори што треба да се преземат по патот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ. На крајот на краиштата, не може да се каже дека државата што сè уште нема соодветна пресуда за справување со злосторства од омраза, решила да го извади овој проблем од под тепих и отворено да се соочи со него.

 


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ