• Latest
Никица Корубин

Игра на ниски страсти

September 17, 2022
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Игра на ниски страсти

September 17, 2022 10:30
in ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

НИКИЦА КОРУБИН

Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција и систем на вредности; како и почитување на истите, гледаме деновиве, во историјата што се одвива пред наши очи преку односот кон испраќањето на Кралицата Елизабета, како уникатен пример на константа и поткрепа на 20 и 21 век, чест опис на нејзиниот придонес, во свет на големи турбуленции и промени.

Но, политиката во наши, македонски услови упорно се држи до суштинската спротивност, компилација на ниски страсти, лукративност и примитивизам; како повик за одбивност и избрана привилегираност: со „политика“, читај „гола моќ и влијание“ ќе се занимаваат само тие што имаат дозвола за тоа. За сите останати таа ќе биде недостистижна и компромитирана. Малку знаење, никаков однос, а апсолутна контрола. Со што? Па, со чувството на инфериорност, се разбира. Токму преку ниските страсти и експлицитната презентација деновиве, како опозициска пресметка, а всушност пресметка со европската иднина на државата.

Интересно е, гледајќи ги реакциите на „јавноста“, медиумите и експертите, дека тагата и очајот на известувањето на претседателот на Собранието, во однос на претпоставениот референдум, е поголем кај сите нив, отколку кај опозицијата која самата го иницираше. Избликот на чиста омраза, гнев и крајно недолично поведение, од медиуми, до експерти, преку добро позната „јавност“; сугерира уште еден неуспешен обид за директно блокирање на ЕУ интеграциите, а всушност загрозување на целата држава.

Иако, веќе полека се навикнуваме на „паднатите маски“ и директноста во говорот на чиста анти-европска хистерија, уште од оркестрираната и организирана хајка, само пред неколку месеци на спречување на почеток на преговорите; секогаш изненадува колку ниско може да се падне во анти-европскиот занес, сè помалку и поретко замаскиран во традиционалната одора на „патриотзмот и идентитетот“ и колку брзо може да се стане назад во рувото на најголеми европски промотори и ЕУ експерти. Тој ролеркостер сигурно нема да биде возможен без поткрепата и поддршката која се чини само е начната, ама е доволно силна и во власта и во опозицијата.

И тоа е инхерентниот проблем на општеството vis-à-vis дефиницијата на политика кај нас. Таа воопшто не е врзана за државата како механизам кој управува и го одржува системот; туку е врзан за одржување на систем на конкретно влијание, на наследени структури и кланови. Државата за нив е само средство, а не и суштина. Оттаму и постојаниот труд таа да биде предмет на омраза и потсмев, наместо идентификациона точка. Со други зборови, сериозно прашање е колку граѓаните имаат искрени, а не принудени сојузници на европскиот пат, што е всушност друг збор за единствено можен нормален и функционален живот; во актуелните политичари, нивната партократија и сенката која стои над сите: старите врски и новите обиди.

Од одговорот на ова прашање, во голема мерка ќе зависи и нашиот ЕУ пат, но и нашата иднина. Најиндикативен репер за тоа е односот на сите политички чинители, без исклучок, кон иницијативата Отворен Балкан, менталната зависност која се промовира, пропагира и живее; наспроти експлицитните, и сè помалку контролабилни испади на никогаш згаснатите претензии на „српскиот свет“, за кој се зборува секаде, освен кај нас.

Сериозен испит на држава, членка на НАТО и ЕУ кандидат, за продолжување на „страсното“ друштво кое е спротивно токму на нашите темелни заложби. Ама, и сериозен испит, пред сè, за власта и сите нејзини делови, на искреноста и посветеноста на европската перспектива, како суштина, а не како форма, слично како што беше и оценката на Талат Џафери на иницијативата на референдумот, суштинска, а не формална.

Или уште една очигледна илустрација, на вештачкото фаворизирањето на „добри соседи“: како помина веста за потенцијално решавање на енергетската криза? Договорена директна помош од Бугарија и Грција, исто така наши први соседи и стратешки партнери, ама нашата јавна благодарност и егзалтираност, ни приближно како слични паради на кои бевме сведоци со други соседи. Слично, како и односот кон вчерашниот почеток на скринингот, како практичен почеток, токму на она кое што всушност локалната „политика“ на моќ и влијание се обидува да го избегне.

Влезот во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ од аспект на Европа и САД, беа за Северна Македонија, „преминувањето на Рубикон“, односно неповратна активност. Тоа за разбира и за нас е неповратен процес, но кој нашата локална „политика на ниски страсти“ во манирот на нивното лукративно, поданичко и итроманско разбирање на политиката, се труди да го успори, запре или целосно врати во 1991 или дури пред тоа.

Тоа што политиката е прашање и на духот на времето, но и на познавањето на историјата, е во голема мерка непознаница за сите кои себеси се нарекуваат и сметаат за влијателни. Но, тоа по автоматизам не ги прави лидери и визионери, туку многу почесто „извршители“. И токму на тоа сведочиме деновиве, финалната пресметка на „извршителите“ кои не приметиле дека Рубиконот е поминат. Враќање назад нема. Затоа што назад нема повеќе ништо, без разлика на илузиите кои упорно ги негуваат. Има само напред. Да видиме кој прв тоа ќе го разбере и примени.


Текстот е личен став на Авторката.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ