• Latest

„Илија Громовник“ од Будимпешта, преку руската ВКонта́кте, споделен прво од „Трета политика“

May 15, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Илија Громовник“ од Будимпешта, преку руската ВКонта́кте, споделен прво од „Трета политика“

May 15, 2019 10:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На руската социјална мрежа „ВКонтакте“ корисникот со псевдонимот „Илија Громовник“ синоќа повторно објави нов прислушуван разговор, во кој тврди дека се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски.

На профилот стои дека моменталната локација му е Будимпешта и најавува дека ова е прва од новиот сет „бомби“.

 

На само два дена пред почетокот на изборниот молк, на руската социјална мрежа ВКонта́кте од анонимен профил, истоименуваниот профил беа објавени прислушувани телефонски разговори на функционери од власта и личности кои се поврзуваат како блиски до неа, но и на личности од опозицијата како поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

На Фејсбук, пак, постојат повеќе профили со истото име, што пропагираа бојкот на претстојните претседателски избори.

Уште поинтересен е фактот што објавените разговори најпрво беа споделени од Фејсбук страницата на Трета политика поврзан со Љупчо Палевски.

Од Министерството за внатрешни работи и Специјалното јавно обвинителство нема повеќе информации освен дека се изненадени од објавените разговори. СЈО, во изјава за ТВ 24 гарантираа дека од кај нив нема „протечено“ ниту еден материјал и најавија проверка на тоа дали и тие ги поседуваат овие разговори.

Според содржината на објавените разговори, станува збор за досега необјавен материјал.

На повидок е скандал поврзан со прислушуваните разговори кои се дел од долгите преговори меѓу власта и опозицијата. Имено, во овој период актуелен е обидот на опозицијата, преку преговори со власта, да ги минимизира улогата и ингеренциите на СЈО, а прислушуваните разговори да ги маргинализира како докази во судските постапки против поранешни високи владини функционери, вклучувајќи го и поранешниот премиер Груевски. Впрочем, сега власта преговара со партијата што го организираше масовното прислушување и спроведуваше криминална власт, за судбината на СЈО кое токму нив ги гони. Законот кој треба да се донесе се уште е во фаза на преговори, а е еден од клучните услови за добивање на датум за преговори со Европската Унија.

Според Законот за заштита на приватноста донсен во 2015 година, објавувањето на вакви разговори е забрането.

„Со законот се утврдува и забрана за поседување, обработка, јавно објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички или други цели и постапки“.

Понатаму, во Законот се предвидени и казни и тоа до една година затвор, напоменувајќи дека тоа важи за објавување на приватни разговори, а не важи за разговор кои се од јавен интерес.

„Тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која што е прислушувана или тонски снимена ќе се казни со казна затвор до една година, доколку содржината на разговорот ја нарушува приватноста на личниот и семејниот живот. Оваа одредба не се однесува на разговор или изјава од јавен интерес“, се вели во членот 4, став 1.

Во време кога СЈО и правдата што се очекува од неговата работа се на удар, објавувањето на овие прислушувани разговори преку руска социјална мрежа, прво споделена од радикалите на Трета политика, претставува скандал и ироничен потсетник дека оние што предизвикале една политичка криза не можат да бидат дел од решението на таа криза.
Маја Ивановска
Share62Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ