• Latest

Има ли кој да викне фајронт?

May 16, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Има ли кој да викне фајронт?

May 16, 2019 10:59
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ја гледам македонската политичка разгледница во последниве 50-60 часа и не можам да се оттргнам од чувството на блага згаденост. Блага, затоа што тоа чувство веќе подолго време ги следи многумина што со мене разменуваат мисли и ставови. Еве неколку секвенци од таа разгледницата која веќе одамна изгуби од својата живописност.

Во еден агол од таа разгледница гледам една фигура што, уште еднаш, со својата грда појава како да ветува дека ќе предизвика нешто добро. Како што беше непосреден повод за Шарената револуција со срамната аболиција во 2016 година. Само што ја напушти претседателската вила на Водно, Иванов, попознат како Фикус, се заплетка во уште еден коруптивен случај на можен судир на интереси при изнајмувањето на лудо луксузните и пространи канцеларии во комплексот Скај Сити на турскиот градежник Џевахир. Уште еднаш, во полна светлина, ги видовме налудничавите привилегии што ги добиваат бившите македонски претседатели (не само тој!). И тоа, според закон, изгласан во законодавниот дом! И надградуван со секоја нова генерација политичари…

Џабир Дерала

Целата појава на Иванов, неговиот криминален од низ претседателските мандати, предизвика до сега најголем револт против привилегиите на функционерите. Почна со него, но не беше тешко да се фрли поглед наоколу и да се види дека ни еден функционер ни оддалеку не заслужува да ужива во раскош и после раскошот што им ги обезбедуваат позициите додека окупираат некоја позиција.

Речиси истовремено, секако не за да се заштити Иванов, туку за да се постигнат посериозни и далекусежни цели, продолжува офанзивата на ВМРО-ДПМНЕ против реформите. Главна преокупација, секако, им е СЈО, во очајнички, но не сосема неуспешен, обид да се извлечат од менгемето на правната држава, која и онака е прилично разлабавена. Се разбира, тоа подразбира тапкање и на повратната патека на нивниот почесен претседател, азилантот Груевски. Во таа пајажина, видлив е и големиот пајак ДУИ, не го заборавам него…

На самите маргини на таа врева, координирана не само од дебелата дивоградба на вемерето, политичкото подземје се јави со уште една валкана „бомба“ со крајно приземен и сомнителен квалитет, на руската ВКонта́кте, споделена од самонаречената Трета политика на Љупчо Палевски. Овој пат за наводна набавка на кокаин за пратеникот и еден од водечките ликови на Шарената револуција, Павле Богоевски.

Тоа не е значаен политички удар на политичките гангстери врз власта, но заднината не е ни оддалеку наивна. Нивната стратегија е слична на онаа на Мицкоски и компанија, да се прави што е можно повеќе врева, насекаде, на секоја можна тема, едно упорно наметнување за да се обезбеди што е можно поголемо присуство во јавноста.

Уште повпечатлив сегмент на оваа разгледница е тенденцијата на криминогените политички структури да обезбедат опстанок. Важно им е на овие структури да се наметнат и да се претстават како релевантни, а по можност, единствени критичари на власта. Затоа, ним не им одговара да има други критичари, а најмалку сакаат да видат дека се говори за етика, правичност и законитост. Ним им одговара власта постојано да се заплеткува во корупциски скандали за да испадне дека „сите се исти“, во обид да го релативизираат сопственото срамно битисување на политичката сцена.

Сите заедно се фатени во еден грчевит и несмасен танц, секој гази врз стапалото на другиот. Сите заедно сакаат да се задржат во балската сала, во која се поставени долги маси со многу слатки плодови на моќта. Сите сакаат да бидат барони и баронеси, да носат раскошни руби, додека надвор од палатата на моќта владее глад, збунетост и очај. Има ли кој да викне фајронт?

Со лажни насмевки, сплетки, алчност, мрза и компромиси, нема фајронт. Да видиме што ќе донесе јуни… Според филозофијата на Фикусот, после јуни, доаѓа јули. Но, ајде… Толку пати бевме разочарани до сега, што не ни пречи да бидеме оптимисти уште еднаш.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share60TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ