• Latest
Добро утро со Орданоски

Има ли Македонија врска со апсењето на Борисов?

March 19, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Има ли Македонија врска со апсењето на Борисов?

Бојко Борисов веројатно можат да го апсат за што сакаат. Последната вест од Софија е дека тамошниот обвинител имал снимени докази на кои се гледа дека, наводно, прима поткуп од некого. Си мислам, колкава ли мора да е таа обвинителска видеотека „за возрасни“!? А потоа го пуштија од притвор! И што баш сега, во глобална безбедносна криза кога Бугарија се клати како „пијан морнар“ на чија страна да застане?

March 19, 2022 10:14
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Да не е војната во Украина, апсењето на Бојко Борисов во Бугарија секако би била најважната регионална вест во неделата зад нас.

Прво на Борисов му определија 24-часовен притвор, за да ги даде првичните изјави пред истражните органи, но никој, па дури ни неговите адвокати во јавноста не кажуваат за каков точно „сомнеж за корупција“ кривично се товари поранешниот бугарски премиер со дури десетина години премиерски стаж, во три различни мандати од 2009 година наваму, а пред тоа и градоначалник на Софија. Потенцијалното „мени“ на обвинението е толку големо, што е јасно дека тоа може да биде долг и разновиден „обед“ со повеќе служења, од разновидни мезиња и аперитиви, до избор на десерти и дижестиви. Такви се и првичните коментари и шпекулации во сите бугарски медиуми.

Борисов е живописен лик. Интелигентен и шармантен итрец, ноу-нонсенс типче, излезен како од некоја популарна ТВ-продукција за преплетот на бизнис-криминално-политичките „црева“ на пост-социјалистичките балкански транзиции. Како што е познато, типично за најпропулзивниот вид на кадри по распадот на комунизмот (кога не беше неважно дали имате набилдан дебел врат и некоја боја на појас во карате, во неговиот случај „7 дан црн појас“, како што му раскажа своевремено при средбата на Барак Обама), пред да влезе во високата политика, тој крачка по крачка (стапки, де!) ја билдаше својата „безбедносна“ биографија.

Во осумдесеттите, прво пожарникар, па потоа предавач на софиската Полициска академија и тамошниот Интитут за безбедност, го дочека падот на комунизмот без да сака јавно да се дистанцира („деполитизира“) од својата комунистичка биографија. Во 1991 година излезе со ранг на мајор од бугарското МВР и ја основаше приватната фирма за обезбедување „Ипон-1“. Беше обезбедувач на Тодор Живков, но стигна да биде и шеф на приватното обезбедување на царскиот наследник на бугарскиот престол (1943-1946) Симеон Сакс-Кобург-Гота Втори. Така и влезе во високата политика.

ВО ОБЛАК ОД ПРАВ

Првпат Бојко Борисов го сретнав на почетокот на двеилјадитите години кога, со ранг на генерал, неколку години во премиерскиот мандат (2001-2005) на Симеон Втори ја извршуваше функцијата Главен секретар на бугарското МВР. Со функцијата одеше и координацијата на сите цивилни тајни служби на Бугарија, а тие беа неизбежна составна мирудија, а често и главна содржина на сите бугарски општествено-политички „манџи“.

Тоа е периодот кога со невидена жестина продолжија стотиците внатребугарски, ситни и крупни, криминално-политички пресметки (со пиштоли, бомби, снајпери и калашникови по улиците, канцелариите и рестораните, главно, низ Софија, но и надвор од земјата), во чија позадина, барем во еден дел, стоеја и прокси-пресметките меѓу Вашингтон и Москва за своето влијание и контрола во Бугарија. Впрочем, гледаме, и денеска таа тема не е исцрпена, иако јавно се одвива на пофин политички начин.

Средбата со него – во тоа време, се подготвував за интервју со Симеон Втори, а тој му беше еден од најблиските соработници – ми ја закажа во еден од елитните ресторани на планината Витоша, извишена над Софија. Како што е ред, јас дојдов нешто порано и бев среде „тепање време“ во прекрасниот видик од ресторанската тераса, кога на паркингот на ресторанот со огромна брзина влета едно „набричено“ ауди-кватро и, со рели-маневар и квичење на гумите, конечно застана во облак од прав! Од возачкото седиште излезе Бојко, смеејќи се на глас и гестикулирајќи кон двете возила од неговото обезбедување кои едвај се приближуваа кон него – јасно е, ги имаше претркано барем со 30 секунди разлика!

Тој видно расположен, јас малку вчудовиден, се поздравивме и влеговме да седнеме во ресторанот. На седнување, нов шок за мене: генералот Борисов извади еден сребрен колт, со големина на новороденче како од филмовите на Клинт Иствуд, и го стави под перничето на празната столица до себе. „За секој случај!“, се насмеа, по што можевме да тргнеме со муабетот…

Хммм… На човекот кој, меѓу другото, ќе го уапси во Софија прочуениот балкански криминалец Јоца Амстердам, еден колт под перниче веројатно може да му се прости.

ВИДЕОТЕКИ ЗА ВОЗРАСНИ

Останатото се разни истории. Но, дека Борисов („човекот од народот“) не може да се сведе само на анегдоталните скаски (барем за него ги има безброј) како моето прво искуство со него, говореше и „густата“ приказна низ која помина Бугарија во времето кога тој директно учествуваше во градењето на нејзината современа историја. За време на „Царевата влада“, Бугарија се приклучи во 2004 година во НАТО, а тој (унапреден во чинот полициски генерал потполковник од страна на претседателот Георги Прванов) ќе биде избран и за градоначалник на Софија.

Остана во врвот на безбедносните и политичките структури во земјата сѐ до конечната кавга со тогашниот министер за внатрешни работи Румен Петков. Подоцна, кога во 2007 година, Софија беше примена во ЕУ, Борисов веќе беше на чело на ГЕРБ со која во 2009 убедливо ќе победи на парламентарните избори и десетина години, до лани, ќе владее со земјата.

Знаеме и ние како изгледа „модерната“ балканска политика, но колку за илустрација, нашиве македонски подземно-надземни политички пресметки – со исклучок на 27 април и настаните пред и потоа – се „детска градинка“ во однос на валканите игри на моќ, големи пари и пресметките што траат со децении помеѓу „завојуваните“ бугарски страни. Криминал и корупција? Хахахахаааа… Ви се молам, да не се навредуваме со наивни прашања!

Сакам да кажам, Бојко Борисов, ако решат, веројатно можат да го апсат за што сакаат. Последната вест од Софија е дека тамошниот надлежен обвинител наводно имал снимени докази на кои се гледа дека Борисов прима поткуп од некого. Си мислам, колкава ли мора да е таа обвинителска видеотека „за возрасни“, како оние снимки што протекоа лани од Борисовата спална соба, со туцињата евра-петстотки и револверот на наткасната!? Но, што баш сега, во глобалната безбедносна криза, кога Бугарија се клати како „пијан морнар“ на чија страна да застане? … Само да не биде, после театралното приведување и не толку церемонијалното пуштање од притвор, дека снимките од видеото за Борисов (ако ги има) се оштетени, некако матни и дека не можат да се препознаат ликовите на него…

ГЕНЕРАЦИСКО ПРОВЕТРУВАЊЕ?

Сепак, кога е бивш премиер во прашање, во равенката со долгогодишната „комплексност“ во работата на Борисов и со западната поддршка што отворено ја добива неговиот наследник Кирил Петков, не може да се избегне впечатокот и дека „неиспорачувањето“ на Договорот за соработка со Македонија, на кој стои Борисовиот потпис, некој можеби му го земал како „отежнителна околност“ во регионалната математика на балансот на силите. Борисов, де факто, наместо во решавањето, се погрижи да се пролонгира уште еден (нашиот со Бугарија) „замрзнат конфликт“ на Балканот. И тоа на навистина грд и непродуктивен начин, кога неговото премиерско молчење звучеше многу погласно од провокациите на Каракачанов и навредите на Захариева.

Бојко, долгогодишниот „царски намесник“ за решавање на овој вид „виши математики“, би морал тоа добро да го разбира.

Македонија, сама по себе – да, насловот на овој текст е провокација – нема врска со апсењето на Борисов. Но, можеби има „поширока“ врска со тоа што една цела генерација политичари на Балканот ќе мора да си замине од  политиката, за регионот да зачекори кон подолгорочна стабилност и просперитет. И тоа не мора да е силна гаранција, но тој мачен процес можеби е дел од некаков „нов почеток“, чиј симбол во Бугарија е премиерот Кирил Петков. Нему навистина ќе му требаат врвни „џиу-џицу“ политички вештини за да се ослободи од каратистот Борисов. Ќе видиме дали ги поседува.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ