• Latest

Има ли пилот македонскиот авион?

March 16, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Има ли пилот македонскиот авион?

March 16, 2017 12:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија во моментов нема претседател на Собранието и има премиер во заминување, кој иако е пратеник со верификуван мандат, се претставува и како претседател на Владата. Единствен функционер од државниот врв, кому сé уште му трае мандатот, е претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. Но, и тој, веќе трет ден е во посета на Азербејџан. А, ако на сиот хаос во државата, се додаде од денеска и пратеникот – премиер е во посета на Босна, оправдано се поставува прашањето од насловот… Македонија обезглавена!

Премиерот во заминување Емил Димитриев, денеска е во Сараево, каде присуствува на средбата на еврокомесарот Јоханес Хан со премиерите на земјите од Западен Балкан. Со оглед на фактот дека претседател на Собранието, кој треба го „менува“ Иванов во негово отсуство, сè уште не е избран, поради одлуката на Иванов да не го додели мандатот на претставникот на партиите кои обезбедиле парламентарно мнозинство, излегува дека во државава не се знае кој пие, а кој плаќа…

И тоа, по долгогодишна политичка криза, во период на неизвесно распишување на локалните избори, на протести на улиците и постојан говор на омраза во медиумите, на секојдневни повици на поделби, насилство и заплашување со војна… Граѓан(к)ите во Македонија се оставени самите на себе.

По сите неразумни потези на политичките елити, кои избркаа 600.000 луѓе од Македонија, останува надежта дека ќе надвладее разумот на „обичните“ луѓе, на оние граѓан(к)и, кои начинот на владеење, сиромаштијата и безнадежноста, ги оневозможија да патуваат вон земјата. Со повратен или еднонасочен билет.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ѓорге ИвановЕмил ДимитриевЈоханес Ханполитичка кризаСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result