„Можеби ќе имаме слободни медиуми, но сега немаме. Кој како сака работи, како ќе му текне така пишува. На крај нема никогаш ни да имаме, затоа што никогаш не сме ни имале“, беше одговорот на велешанец на прашањето на ЦИВИЛ Медиа дали во Македонија постојат слободни медиуми.
Граѓанките и граѓаните во Велес даваа кратки одговори дека има слободни медиуми во Македонија, но имаше и неодлучни, како и оние пто мислат дека во Македонија немаме слободни медиуми.
„Треба да постои слобода на медиуми. Да нема забрана и бркање, како што беше во Собрание… Преку медиумите ги разбираме сите работи.. Медумот треба да биде слободен и да нема никакви врски со политика“, објасни граѓанинот какоодгвор на прашањето за медиумскта слобода.
Имаше и реакција за присуството на новинарската екипа на ЦИВИЛ Медиа: „Кои сте вие? Од ЦИВИЛ? Не бива таа работа.. бегајте таму“.
Сепак, меѓу велешанки и велешани останува дилемата дали има, нема или можеби ќе има слободни медиуми во Македонија.
Маја Ивановска и Биљана Јордановска
Каера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента