• Latest
Добро утро со Орданоски

Има разни закони…

January 23, 2018
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Има разни закони…

January 23, 2018 07:24
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]о целата тековна какофонија на распалените расправи по високо-октанските „национални“ теми, најмалку го разбирам аргументот дека „за предложените решенија недоволно е расправано“ или дека „во дебатата не се консултирани експерти“. Наскоро ќе бидат 30 години откако во независна Македонија ги расправаме на долго и на широко овие работи и не знам дали постои еден единствен експерт (може и со и без наводници) кој не дал свое мислење барем во десетина до сто наврати со изјава, интервју, кој не напишал колумна, не бил викнат на некоја конференција или коморска тркалезна маса, во дебатна емисија, не бил вклучен во некој ваков или онаков процес…

Ако, сепак, има некој таков што не бил „консултиран“, тогаш би можело да се тврди дека тој експерт (може со и без наводници) самиот одбрал да не биде „консултиран“, а не дека немал прилика да каже и да биде чуен што мисли.

На пример, скопскиот Правен факултет на УКИМ, белки откако постои, е една од главните централи и на македонскиот национализам и шовинизам, и (многу поскромно) на македонскиот либерализам – таму веќе трета генерација професори, доценти и асистенти ги наследуваат и артикулираат ставовите на своите мајки и татковци, баби и дедовци… Што е она што во „недоволната расправа“ не се кажало?

Токму од таа институција се произведени половина (важни) министри во последните три децении и барем 90 насто од македонската правна регулатива, од Уставот, до правилниците за употребата на писоари во тоалетите… Нема закон што не е напишан, корегиран, советуван и „консултиран“ на нашиот главен државен Правен факултет, а низ чии „дупки“ не се крадеше, прислушуваше, угнетуваше, злоупотребуваше, приватизираше, денационализираше, концесионираше, растураше, богатеше, осиромашуваше и што сѐ уште не што може да ви падне на памет во оваа држава во изминатите триесетина години независност. Како, сега, не биле слушнати нивните (и други) „експертски мислења“?!

Туку, проблемот е во нешто друго: оваа власт (како и секоја друга власт), имајќи ги предвид СИТЕ експертски ставови и мислења, решила да преземе политичка одговорност и да спроведе политики за кои е подготвена да плати одредена политичка цена. Се разбира, секој закон може да биде и подобар и полош од тоа како е предложен, но мене ми се чини дека правото не е средиштето на аргументацијата против ваквите политики.

Правото не е единствената важна наука според која се градат општествените односи. Напротив, правото треба да се сообразува со промените и напредокот во општеството, а не обратно, општеството да е „заробено“ во еднаш напишаното право. Инаку, до неодамна, жените немаа ни право на глас, а за различни мислења се апсеше – по закон! – што не значи дека на таа точка од општествениот развој требало да застанеме. Оти и тогаш на Правниот факултет некој тврдел дека се ближи крајот на светот и дека на нацијата ѝ е одброено ако нешто од тоа се промени!

Промените, додуша, се поврзани со нешто друго, далеку потромаво и поконзервативно за менување: колективните идентитети во кои живееме. Кога се, особено, мнозинствата во прашање, тие социјални категории се комотни, оти се правени да ве заштитат, да го сочуваат статус-квото во кое се чувствувате безбеден, што ви го прави животот предвидлив и помалку стресен, што ви го гарантира стекнатиот општествен статус од кој полесно се играат улогите коишто заедницата ги очекува од вас.

Но, времињата се менуваат, светот не стои во место, а новите околности бараат нови идентитети, што налага прилагодувања, флексибилност, промени… Тоа е „големиот“ општествен закон по кој се пишуваат „малите“ правни закони што ги одразуваат новите реалности.

Во спротивно, порано или подоцна, обично настапува еден друг закон, оној на физиката…

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: закониидентитетнационализамправдаправо
Share279Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ