пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
1. „Никогаш Северна..“, продолжува да ечи хорот во ВМРО-ДПМНЕ. Ако добиеле 80 пратеници, ќе го врателе името. Јака и бујна машта. Но ете, и да се оствари „сонот“… што мислите, што им одговара Мицко на Меркел и лидерите на сестринските партии од конзервативната ЕНП, која е на власт и раководи со Европа, кога ќе го прашаат – дали го „поткрепјава“ Преспанскиот договор и името „Северна Македонија“?
2. Каков „алуминиум“. Да бараш 80 пратеници од гласачите, без каење и дистанцирање од груевизмот и тешките криминали и злоделата кон многу луѓе. Плукаш за правда власт, која ја кочиш на сите начини да ја спроведе – оти тоа ќе значи затвор за пола раководство на најбогататa партија во Европа.
Како подобра опција нудиш – „враќање на правдата“. Ако не разбирате што значи тоа – читајте што пишуваат отворено и меѓу редови армијата ботови на мвро-вмро на социјалните мрежи. Се закануваат дека по 12 април ќе дошла правда. Онаа на Ќосето.
3. Иако има послаби резултати во најдобрите години на децениското владеење споредено со двете години на сегашната власт – дали во интеграциите со влезот во НАТО, дали во вработувања, странски инвестиции, раст на плати во образование, здравство, минимална плата, социјална помош, слободата на медиуми, транспарентност на институции, па и далеку поголема грижа и резултати во животната средина…наместо програма, на 3 месеци од изборите – лажги со опашки за милијарди за чистење на воздухот, башка ќе дошле, нови фабрики, мед и млеко… Ветер и магла.
Накратко, тоа се трите столба на алуминиумската програма на нереформираното мвро-вмро под раководство на Мицкоски, намесник на надвојводата Дрпаш Бегаш Гепек Кодош од Будимпешта. Kо воли – нек изволи.
#AluminiumOverMaximum
#AluminiumskaPrograma