• Latest

Индекс на перцепција на корупција: Данска, Финска и Нов Зеланд на прво, Северна Македонија на 87, бележи раст од четири поени

January 25, 2022
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Индекс на перцепција на корупција: Данска, Финска и Нов Зеланд на прво, Северна Македонија на 87, бележи раст од четири поени

January 25, 2022 10:09
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Данска и годинава е најдобро рангирана во светот според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021, објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ). Со ист број бодови (88) првото место го дели со Финска и Нов Зеланд, пренесува МИА.

Најлошо рангирана земја, според перцепцијата на корупција е Јужен Судан со 11 поени, два помалку од Сирија и Сомалија.

Северна Македонија се наоѓа на 87. место од вкупно 180 со 39 поени од можни 100 и бележи напредок од четири поени во однос на претходната година. Државата има ист број поени како и Колумбија, Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Суринам, Танзанија и Виетнам.

Според Индексот на перцепција на корупцијата, Србија е на 96-то место од 180 земји и територии, со индекс од 38, забележан втора година по ред, што се и нејзини најниски проценки досега, според Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021 објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ). Србија нема никаков напредок и со 38 поени, исто како и претходната година, останува на најнискиот резултат од 2012 година, кога почнаа да се анализираат податоците. Србија го дели 96-тото место со пет други земји, Аргентина, Бразил, Индонезија, Лесото и Турција.

Од останатите држави на Западен Балкан, Црна Гора има индекс 46, Босна и Херцеговина и Албанија 35,  Словенија е на 41 место со индекс 57, а Хрватска на 63 место со индекс 47.

Индексот на перцепција на корупција рангира 180 земји и територии во светот според нивото на корупција во јавниот сектор, а резултатите покажуваат скала од нула, што значи висока корупција до 100 кога станува збор за многу чиста земја или територија во однос на корупцијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ