• Latest

(Инфографик) Во државата недостига превенција на говорот на омраза кој резултира со несакани последици меѓу малолетници

October 2, 2020
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

(Инфографик) Во државата недостига превенција на говорот на омраза кој резултира со несакани последици меѓу малолетници

October 2, 2020 16:53
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

Во последната деценија се намалува бројот на деца малолетници кои биле во судир со закон и се осудени на казна, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика. Од друга страна пак, податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права, покажуваат дека во изминатите две години зголемен е бројот на дела од омраза, каде што сторители или жртви се малолетници. Комитетот за човекови права, кој со години наназад ја следи состојбата со говорот на омраза и делата од омраза во државата, поради недостаток на национални статистики, креираше база на податоци за појавата на овие два, најчесто тесно поврзани феномени.

„И покрај достапните податоци кои упатуваат на зголемување на нетолеранцијата и насилството помеѓу младината, од страна на државата беа направени многу малку напори за превентивни мерки вклучително и едукацијата за човекови права и подигнување на свесноста во јавноста, особено помеѓу учениците и младата популација“ изјави за „Мета.мк“ Сибел Амет, правна советничка од Хелсиншкиот комитет.

Како што посочува правничката, согласно Законот за правда за децата, предвидено е формирање на Државен совет за превенција на детско престапништво, како и формирање на општински совети за превенција на детско претстапништво. Амет појаснува дека во надлежност на Државниот совет е да донесе национална стратегија за превенција на детското престапништво и годишни програми и планови за остварување на програмата.

„Искуството покажува дека во голем број општини не се оформени општински совети за превенција на детско претстапништво и покрај законската обврска, а Државниот совет се соочува со недостаток на буџетски средства за спроведување на активности согласно годишните планови“ додава таа.

Амет истакнува дека загрижувачки е трендот што во изминатите две години покажува зголемен број на дела од омраза каде што сторители или жртви се малолетници. Ваквите податоци, како што вели Амет, укажуваат на јасната потреба да се зајакнат превентивните мерки и тоа преку рефлектирање на едукацијата за човекови права, наставните планови по историja и релевантните обуки, преземање чекори за едукација на јавноста, а особено на децата и младите луѓе за вредностите на културната разновидност и инклузија, со цел сите општествени сектори да имаат одредена улога во борбата со таквата нетолеранција.

„Во недостаток на превенција, се чини дека државата воопшто не го сфаќа сериозно моментот кога еден малолетник ќе стори кривично дело. Ова е особено видливо од аспект на условите во кои се извршуваат санкциите што им се изрекуваат на деца согласно Законот за правда за децата, особено во поглед на воспитно-поправните мерки и казната затвор“ посочува правничката.

Амет вели дека од теренските посети остварени во 2019 година, кога станува збор за ресоцијализација и процес на реинтеграција во општеството, особено во поглед на пристапот до образование, Хелсиншки констатирал дека во КПУ Затвор Охрид нема организирано образование во установата или во местото на седиштето на установата, а согласно Законот за извршување на санкциите. Во однос на режимските активности пак, малолетниците лишени од слобода немаат соодветни услови за спроведување на активности и програми за образование, спорт, рекреација, вокациски активности.

Случајот со Никола Саздовски Саздо, кој пред две години почина поради свиреп напад, го вклучи алармот за говорот на омраза и тензијата помеѓу навивачките групи кои се од различна етничка припадност. Се чини дека државата не презема конкретни мерки да го превенира насилството кое следи по континуираното ширење говор на омраза и тензија, сè додека не се случи инцидент. Па така, пред само неколку недели, два нови случаи ја алармираа јавноста. Едниот кога група навивачи кои се движеа на скопскиот плоштад, скандираа со говор на омраза кон Албанци, и другиот случај во Ѓорче Петров, за што на социјалните мрежи беше објавено и видео на кое се слушаат скандирања навредливи пароли за свадбената поворка.

Од СВР Скопје во врска со двата настани во кои беа инволвирани навивачки групи и други граѓани во Скопје, за „Мета.мк“ велат дека преземени се сеопфатни мерки и активности за расчистување на истите, утврдување на фактите во врска со настаните и идентификација на инволвираните лица, a преку обезбедување на видео записи, разговори со лица инволвирани во настаните и др.

„Во полициска станица до сега беа повикани 16 лица, а се преземаат и дополнителни мерки во оваа насока. Притоа, согласно Законот за кривична постапка, до Основното јавно обвинителство Скопје доставени се писмени известувања за настаните случени на 13 и на 19.09.2020. По завршување на мерките и активностите согласно добиените наредби од Основното јавно обвинителство Скопје и по комплетирање на документацијата ќе биде доставен соодветен поднесок за што јавноста ќе биде информирана“ посочуваат од Министерството за внатрешни работи за „Мета.мк“.

Од ОЈО сè уште нема официјална информација до каде е расчистувањето на овие случаи.

Денеска, по повод Меѓународниот ден на ненасилството, премиерот Зоран Заев се обрати до јавноста со видео порака во која истакна дека ова е ден кој треба да не потсети дека имаме обврска и должност да градиме култура на мир, трпеливост и меѓусебно разбирање.

„Ние сме земја која обединува различни етнички, верски групи и други групи. Со векови сме го граделе она што денес го имаме и треба секој ден да се потсетуваме колку е тоа бесценето, но и кршливо и дека секое насилство и говор на омраза се закана за овие наши вредности. Ве повикувам сите, да се спротивставиме на насилството и да ја раскажуваме нашата убава македонска приказна по која стануваме познати во целиот свет, дека со зборови и дијалог секогаш се доаѓа до решение“ вели Заев./МЕТА

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ