• Latest

Иницијатива: Една изборна единица со отворени листи дел од континуираните препораки на ЦИВИЛ за измени во Изборниот законик

February 28, 2022

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Иницијатива: Една изборна единица со отворени листи дел од континуираните препораки на ЦИВИЛ за измени во Изборниот законик

February 28, 2022 13:47
in ГРАЃАНСКА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Една изборна единица и отворени листи е предлог за кој се дискутира уште од 2016 година, но досега, сеуште не се направи измената во начинот на спроведување на изборните процеси во нашата земја.

ЦИВИЛ како организација што врши изборен мониторинг од 2008 година, со години наназад препорачува и бара Северна Македонија да биде една изборна единица со што ќе се демократизираат изборните процеси. Во неколку наврати низ годините, ЦИВИЛ постојано алармираше за потребите од една изборна единица и изборни реформи, со што конечно ќе се обезбедат слободни и демократски изборни процеси, без вообичаените изборни нерегуларности што веќе станаа пракса на секои избори.

Декларативна поддршка за изборни реформи, една изборна единица и отворените листи  даде и премиерот Зоран Заев уште пред локалните избори во 2017 година, и тогаш и во пресрет на парламентарните избори, во меѓупериодот од претседателските, па до закажувањето на предвремените парламентарни избори 2019 година

Дури се формираше и Собраниска иницијатива во септември 2019 во кој беа вклучени 12 пратеници од 10 политички партии и еден независен пратеник. По тој повод на 25 септември 2019 ЦИВИЛ организираше голема конференција за изборните реформи на која беа поканети сите политички партии, експерти и претставници на невладниниот сектор како една од првите организации што воопшто ја актуелизираа оваа промена во изборниот модел на нашата држава.

Mинистерството за правда, на почетокот на 2021 започна со работа на измените во Изборниот законик. За таа цел се формираше работна група во која учествуваа претставници на граѓанските организации, меѓу кои и ЦИВИЛ, Државната изборна комисија, Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, политичките партии и експерти што согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но и на сите релевантни чинители работеа на конкретни измени по членови и ставови во самиот законик.

ЦИВИЛ како организација што будно и во континуитет ги следи изборните процеси, имаше активно учество во работната група за измени во Изборниот законик.  Дел од препораките на ЦИВИЛ за измени во Изборниот законик се однесувата токму на темата која разни политички чинители ја актуелизираа деновиве: Една изборна единица – Воведување на отворени листи , што се во контекст на останатите измени кои ги препорачува Цивил :  Реформи на ДИК, вклучително и на структурата на институцијата – Овластени лица за поднесување на приговори да бидат и релевантни домашни организации кои спроведуваат мониторинг на изборните процеси – Прочистување на Избирачкиот список – Продолжување на рокот за обуки и едукација, како и избор на членови на ОИК и ИО, во случаи кога се работи за редовни изборни циклуси – Регулирање на периодот од распишување на изборите до официјалниот старт на изборната кампања, кога учесниците во изборните процеси наоѓаат начини да го заобиколат законот и да започнат со предвремени изборни кампањи долго пред законски предвидената рамка – Промени во начинот, динамиката и обемот на кампањите за едукација на гласачите .

Овие препораки за измени на Изборниот законик се објавени во Публикацијата на Цивил  „Локални избори 2021: Научени лекции“

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ