• Latest

„Инклузива“ бара социјален сервис на локално ниво

August 22, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Инклузива“ бара социјален сервис на локално ниво

August 22, 2017 17:27
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението „Инклузива“ бара измени на законската регулатива за лицата со попреченост. Според „Инклузива“, процесот на деинституционализација, којшто во Македонија започна од 2000, бавно се одвива, наспроти потребите на граѓаните од социјален сервис во секое населено место. На потребата од итност на законските измени, „Инклузива“ посочи на денешната трибина “Предлог мерки за дополнителна социјална заштита за лица со попреченост и нивните семејства”, иницирана од министерката Мила Царовска.

„Бараме изедначување на правата на биолошки згрижувачки семејства. За лицата со умерена, тешка и најтешка интелектуална попреченост кои се врзани за количка, при остварување на правото на мобилност, да се тргне количката. Значи, секое лице со комбинирани пречки да се вметне во законот, со право на надоместок. Овие лица никаде не можат да излезат сами, ниту пак, некогаш ќе станат работоспособни, а имаат потреби од користење на третмани и лекарства, каде што парите не им стигнуваат. Семејството е исцрпено, зашто едниот од родителите, мора да не работи, а со една плата се доведува лицето во ризик, неговата здравствена и социјална положба“, посочи Благица Димитровска, од „Инклузива“.

Од Здружението бараат и отворање на социјални услуги во секое населено место.

„Знаеме дека процесот на деинституционализација во Македонија се спроведува од 2000 година, но поради недостиг на социјални услуги на локално ниво, не е спроведен… Ние ќе се залагаме со сето срце, да се подобри состојбата на оваа категорија граѓани, но тоа треба да го правиме заедно со институциите. Јасно ни е дека заедничкото седнување на маса и разговарање за проблемите, ќе придонесе за подобра иднина на оваа категорија граѓани“, изјави Димитровска.

Таа потсети на истражувањето спроведено минатата година, според кое подготовка на јавна политика за лицата со попреченост е приоритетот на којшто треба да се работи, посочувајќи при тоа на потребата од измени на Законот за социјална заштита и Законот за здравствена заштита.

Моника Талеска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Даниела Нисева

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Благица Димитровсказаконски измениИнклузивалица со попреченостМТСПсоцијаласоцијален сервистрибина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result