Categories

ВЛАСТИ Инспектори од Општина Центар во акција против дивоградби кај „Мавровка“

Инспекциски контроли од Општина Центар, придружувани од полициски службеници, од изутринава ги проверуваат терасите од кафулињата во трговскиот центар „Мавровка“, пренесува Алсат.

Акцијата против дивоградби започна неделава кога инспекторатот на Општината почна со акции за отстранување на нелегалните тераси во скопско Дебармаало. Како што се наведува од Општината, вкупно 16 сопственици на нелегално поставени објекти биле известени дека треба да ги отстранат истите. Откако тие не презеле ништо, општинските власти биле принудени да спроведат нивна демонтажа.

А.М.

Print Friendly, PDF & Email