„Поголемиот дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција од коронавирусот, покажуваат спроведените 5.213 надзори што од 28 март до 1 април ги спровеле шесте инспекциски служи при Инскцискиот совет. Во тој период Државниот пазарен инспектират (ДПИ) постапувал по пријава за фалсификат на средствата за дезинфекција Екосал и Дезантал, а надзорот е се уште во тек, а затворил и 20 угоститески објекти за непочитување на владините мерки, во Скопје, Гостивар, Тетово, Струга и Битола“, инфрмира денеска на прес-конференција претседателката ан Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.
Од вкупно спроведени 4.261 контрола а ДПИ, 823 биле за замрзнатите цени на производите, при што се утврдени помалку поскапувања на цитрусните и други производи. Таму кај што се констатитани повисоки цени, се вратени на претходното ниво. Имало и 3.438 за контроли на работата на трговските услужните и угостителските објекти, но и визуелните контроли низ кои покажале дека поголмиот дел од угостителите ги почитуваат мерките. Пазарните инспектори интензивно ги контролирале и кафематите, а при инспекциите во Штип е утврдено дека 34 кафемати не работат.
Државниот санитарен и здравствен инспектора,т пак, извршил 74 надзори и издал 1.019 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во нашата држава, а констатирано е дека возачите ги почитуваат пропишаните препораки.
Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство, кои спровеле, 277 надзори во повеќе градови низ државата изрекле пет решенија на месарници и маркети за лоша општа хигиенска состојба и наредиле да се изврши дезинфекција, дератизација и дезинсекција. Изрекле и 22 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и поради работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка.
Агенцијата за лекови, пак, при 32 надзори констатирал дека нема специфилни отстапувања. – Секторот ги поддржува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата, реле Филиповска Грашкоска.
Таа истакна дека инспекцискикте служби со сите капацитети продолжуават со интензивна работа на терен. Порача дека секој кој нема да ги почитува владините мерки и препораки кои имаат цел заштита на јавното здравје ќе биде санкциониран без исклучок.