• Latest

„Институтот Алексис Ципрас“ го започнува своето патување со Меѓународната конференција во коорганизација со „Фондацијата Заев“

June 14, 2024

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Институтот Алексис Ципрас“ го започнува своето патување со Меѓународната конференција во коорганизација со „Фондацијата Заев“

June 14, 2024 14:21
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас утрово, преку Фејсбук и официјално го промовираше новиот Институтот што го носи неговото име, а првиот јавен настан ќе биде в понеделник и вторник, односно Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што ја организира заедно со „Фондацијата Заев“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Институтот што моите соработници и јас го подготвуваме долго време, дојде време да го започне своето патување, напиша Ципрас на Фејсбук и официјално најавувајќи ја конференцијата на 17 и 18 јуни, односно како што напиша, „точно шест години по потпишувањето на Договорот од Преспа“.

-Имаме амбиција Меѓународната конференција да ја организираме секој јуни заедно со Фондацијата Заев, со цел да ја промовираме пораката за мир и соработката на народите, да го продлабочуваме дијалогот, но и да ги потенцираме прогресивните идеи, решенија и конвергенции за големите предизвици од нашето време, напиша Ципрас.

Објасни дека за првата конференција поканата за учество ја прифатиле „истакнати гости, врвни политичари и државни фактори, сегашни и поранешни високи функционери, експерти, новинари и аналитичари од водечки тинк тенкови од Грција, Балканот, Европа и Америка“.

На крајот од објавата, Ципрас посочи дека конференцијата е отворена за следење за сите граѓани или со физичко присуство или во живо преку интернет.

Паралелно, ја објави и официјалната програма на конференцијата, како и официјалниот постер што е дело на грчкиот и меѓународно признат уметник Јанис Психопедис.

Како што веќе објави МИА минатата седмица, иднината на Европа по европските избори, интегративниот процес на Западен Балкан, геополитичките случувања во Источен Медитеран, мирното решавање на споровите, справувањето со климатската криза, но и во европските економски случувања, ќе бидат главните теми на дводневната Меѓународната конференција за мир и одржлив развој.

Планирано е учество на шефови на меѓународни организации, премиери, еврокомесари, водечки владини претставници, поранешни претседатели, премиери и министри за надворешни работи, како и претставници на партии од целиот демократски спектар со акцентот на централно левичарски, левичарски и прогресивни сили.

Од нашата земја, ќе учествуваат поранешните премиери Зоран Заев и Владо Бучковски и поранешниот министер за надворешни работи поранешен и поранешен вицепремиер Никола Димитров.

Паралелно, Ципрас и Заев ќе говорат за Договорот од Преспа, а на специјалниот претставник на ОН во преговорите Метју Нимиц, ќе му ја доделат „Наградата од Преспа“.

Tags: Фондација ЗаевЦипрас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ