• Latest

Институциите го решаават случајот со убиството на Вања, Левица сака да профитира преку протест

December 5, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Институциите го решаават случајот со убиството на Вања, Левица сака да профитира преку протест

December 5, 2023 14:28
in ВЕСТИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога целата држава тагува за изгубениот млад живот на Вања и убиството на Панче, а институциите брзо го решаваат случајот и ги апсат виновниците, опозициската Левица се обидува да добие ситни политички поени од целата трагедијата.

Преку една од нивните лажни страници на социјалните мрежи тие се обидуваат да организираат протест за смртта на Вања, во обид да го политизираат настанот и да ќарат евтини политички поени. Една од ваквите страници на Левица, која е со сосема друго име, но редовно ги споделува партиските соопштенија и настапи, повикува на протест во сабота, обидувајќи се да ја искористи емотивната ситуација за политички цели.

Ваквиот обид за политизација на целиот настан сепак не наиде на поддршка кај граѓаните кои се погласно на социјалните мрежи реагираат на невкусноста на овој политикантски обид. Водителката Миа Костова на социјалните мрежи запраша за што се протестира, па и пред зградата на девојчето додека семејството е уште во шок.

„Јас се извинувам, за што се протестира? Па уште пред зградата на девојчето, семејството уште во шок, Вања во судска медицина, вие ќе шетате со нејзини слики? Сериозно? Па сликата со која повикувате, со некој језив фотошоп што ја шерувате…натакната глава од девојчето на енкој бел фустан…Мозок ви недостига, тоа ве прави морбидни“ напиша Костова.

Изминатите денови по акцијата на МВР во соработка со Јавното обвинителство, во притвор се четири лица за убиството на малата Вања, а тројца од нив го признаа делото. Во ситуација кога службите го расчистуваат случајот и ја откриваат ситуацијата, разбирлив е гневот на граѓаните од ваквите обиди за политизација на случајот.

Граѓаните слично реагираа и на обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и евтини политички поени. На вестите под прес-конференцијата на пратеникот Игор Јанушев кој изнесуваше шпекулации и дезинформации остро реагираа дека не е време за политиканство и ги обвинија дека се грозни што се обидуваат да добиваат политички поени во време на ваква трагедија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ