Од МВР информираат дека возачките дозволи од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само со името Република Северна Македонија.
Дали народов беше предупреден за ова, како за пасошите и за личните? Дали го подучивте?
Дали знаете дека секој граѓанин е прво неука странка? Морате прво да ги информирате, да ги предупредите, а потоа да ги казнувате. Kога би имало вистинска управна правда, би ве преплавиле со случаи.
Народот да плаќа за институционални превиди?
До избори ќе сфатиме кој од сите вас во оваа мешана влада е толку агилен да казнува за „Северна,“ дури и локално – ќе се врати и ќе ви се тресне од глава.
А може да одиме и понатаму, за институционалното кршење на темелните права на сите граѓани, кое е очигледно натпартиска навика, и да се отвори темата на европско ниво.
Катерина Колозова