• Latest

Интегритет, чесност, објективност и непристрасност во јавната комуникација од интерес на јавноста

August 15, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Интегритет, чесност, објективност и непристрасност во јавната комуникација од интерес на јавноста

August 15, 2018 15:20
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на Референдумот се воведуваат стандарди за „планирана јавна комуникација од јавен интерес“, што е прв документ од овој вид во земјава. Со одлука на Владата, се дизајнира комуникацијата од јавен интерес во повеќе области, што треба да постави појасни правила за тоа што е јавна комуникација и што е јавен интерес. 

Во процесот на спроведување на информативната кампања за референдумот, владините службеници за комуникации и односи со јавност, како и за секоја друга официјална владина комуникација, ќе работат согласно стандардите и кодексот на однесување во рамки на Закон за административни службеници и Етички кодекс на административните службеници, како и согласно универзалните принципи на: интегритет, чесност, објективност и непристрасност.

„Кампањата за референдумот ќе се спроведе со цел споделување информации од јавен интерес за граѓаните/гласачите во Република Македонија, околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во  НАТО и ЕУ и планот по кој земјата ќе се движи кон Алијансата и кон Унијата.“ – се вели во соопштението на Владата, во кое детално се елаборира потребата од релевантност, објективно и информативно комуницирање, пропорционалност и рационалност во јавната комуникација.

Оваа одлука за воведување стандарди во  јавната комуникација за теми и процеси од јавен интерес, подразбира дека Владата се обврзува да работи транспарентно и отчетно. Тоа подразбира:

Релевантност – согласно владините надлежности, приоритетни политики и одговорности: Конкретните информации кои се споделуваат треба да бидат од директна и суштинска надлежност на Владата и согласно Стратешките приоритети на Владата. Соодветно и неопходно е Владата да има можност да ги објаснува и образложува сопствените политики и одлуки и кога е неопходно, да ја информира, да и укажува, сугерира или предупредува јавноста.

Објективно и информативно комуницирање: Комуникацијата треба да биде објективна и објаснувачка, и да не биде пристрасна или полемична. Комуникацијата во никој случај не смее да содржи неточни информации, говор на омраза или лични дискредитации. Владините информации или активности поврзани со публицитет треба секогаш да бидат насочени кон информирање на јавноста, дури и кога тоа исто така има задача да влијае на однесувањето на поединци или на одредени групи (на пример: пораки поврзани со стратешките интереси на Република Македонија или пораки поврзани со здравјето и безбедноста на граѓаните).

Непартиски комуникации: Несоодветно е да се оправдуваат или бранат политики со користење пораки кои се типични за политичките партии, да се користат партиски слогани, да се промовираат партиски активности, или директно да се напаѓаат политики и мислења на опозициски партии и групации (иако можеби некогаш ќе биде неопходно да се одговори на истите на конкретен и коректен начин). Имајќи го предвид политичкиот повеќепартиски систем во Република Македонија, можно е определена добро воспоставена јавна кампања да создаде политички кредит или штета за партиите од власта или од опозицијата, но ова не смее да биде ниту директна ниту индиректна цел на владините информации или јавни активности кои се платени со јавни пари.

Пропорционалност и рационалност – Соодветно искористување на ресурси кое ќе гарантира дека трошокот на јавните ресурси (финансиски, материјални, човечки) е ефективен за информирање или влијаење врз однесувањето на граѓаните, кое е од јавен интерес: Каналите низ кои се споделуваат информациите со јавноста треба да бидат организирани на економичен и соодветен начин, а за трошењетo на јавните пари треба да се известува. Владата е отчетна кон граѓаните и  Парламентот за тоа на кој начин ги користи државните службеници или други јавни ресурси или расходи. Информативните кампањи од јавен интерес на Владата треба да се натпреваруваат за внимание од јавноста со други активности на публицитет односно со другите кампањи во општеството. За да бидат ефективни, тие треба да бидат презентирани на професионален начин т.е. на начин со кој јавноста добива јасна порака. Притоа, недозволива е лоша презентација што може да предизвика  неефикасно трошење на јавни средства, без да се постигнат очекуваните резултати. Би било контрапродуктивно ако степенот на трошење на средствата за јавна кампања го попречи комуницирањето на пораките кои што треба да се пренесе. Неопходно е и ќе биде реализирано прецизно планирање на целите, мерките и системот за евалуација – на секоја комуникација која вклучува трошоци на ресурси со цел да се осигура ефективност и резултати во реализација.

Фотографија: Киро Попов/kolektif.mk

 

 

Tags: владаинтегритетјавен интересјавни комуникациинепристрасностобјективностстандардичесност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ