• Latest

Интерпелација на член на Судски совет е недозволен и противуставен акт, смета Чачарова – Илиевска

March 11, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Интерпелација на член на Судски совет е недозволен и противуставен акт, смета Чачарова – Илиевска

March 11, 2025 14:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Интерпелацијата против петте членови на Судскиот совет, кои што ги избира Собранието е недозволена. Не само што не е дозволена, туку овој акт претставува преседан во досегашната парламентарна демократија на Република Северна Македонија. Повеќе од 30 години досега ниту еднаш не се случило Собрание да поднесе интерпелација на член на Судскиот совет, изјави членот на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска, по денешната редовна седница на Советот.

Во врска со денешната расправа која паралелно се одржува во законодавниот дом, каде пратениците гласаат за интерпелациите против петте членови на Судскиот совет, Чачарова – Илиевска рече дека нема да присуствува, нагласувајќи дека интерпелација на член на Судски совет е недозволен и противуставен акт.

– Мојот став е, тврдам дека сум во право, дека интерпелација на член на Судски совет е недозволена и противуставен акт. Гледам во интерпелацијата подносителите на истата се повикуваат, а и по медиуми постојано тоа го слушаме, на нивното уставно загарантирано право да поднесуваат интерпелација, во смисла на член 72 од Уставот на Република Северна Македонија. Меѓутоа, одредбата од членот 68, став 1, алинеја 15, има поинакво уставно решение. Таму стои дека интерпелација може да биде поднесена спрема секој носител на јавна функција којшто одговара пред Собранието. Членовите на Судски совет, согласно Уставот и Законот за Судскиот совет, кој е „lex specialis“ и на кој упатува Уставот по однос на круцијалните прашања што се однесуваат за Судскиот совет, тоа е состав на Судскиот совет, мандат на членовите на Судскиот совет, надлежности на Судскиот совет, услови и постапка за избор и разрешување на член на Судскиот совет, услови и постапка за утврдување на одговорност за член на Судски совет, се прашања кои што согласно Уставот се поконкретно и подецидно образложени и уредени со Законот за Судскиот совет, рече Чачарова – Илиевска.

Пратениците, додаде, немаат уставно право на ваков чин, бидејќи како што образложи, во Уставот постојат одредби во членот 104 и 105 заменети со амандман 28 и 29 каде точно се уредени клучните прашања што се однесуваат за Судскиот совет.

– Синоќа случајно на една од телевизиите имав прилика да слушам еден од пратениците којшто рече во дебатна емисија дека било „природно право“ тој што те бира и да те разрешува. Видете во правото немаме природно право, во правото имаме нормирани состојби, нормирани прашања, нормирани права и одговорности, така што Уставот посветил доволно одредби во членот 104 и 105 заменети со амандман 28 и 29, точно се уредени клучните прашања што се однесуваат за Судскиот совет, децидно доразработени во Законот за Судски совет и пратениците, за жал, немаат уставно право на ваков чин, додаде Чачарова – Илиевска.

Вели со поднесената интерпелација само за петте членови на Судскиот совет, не е повредена само една од темелните вредности на уставниот поредок, поделбата на власта на законодавна, извршна и судска власт, туку како што рече, повредено е и основното начело на еднаквост на членовите на Советот.

– Законот за Судски совет не прави разлика помеѓу членовите во зависност од тоа дали се избрани од редот на судиите или се избрани од Собранието, а со тоа се прави дискриминација помеѓу членовите на Судскиот совет што е недозволиво. Пратениците кои што се претставници на законодавната власт треба, исто така, да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори, кои што токму Собранието ги ратификува и да постапуваат согласно нив, рече Чачарова Илиевска.

Во Собранието во тек е 40. седница, на чиј дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Зад иницијативата, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за нивното заминување од функциите ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет, пренесе МИА.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ