До Уставен Суд испратена е иницијатива за оценување на последните парламентарни избори.
Подносителот, поранешниот амбасадор на Северна Македонија во Хрватска, Махи Несими, кој долго време работи и на изборната проблематика, ја оспорува рамноправноста во гласањето по изборните единици.
Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, Несими ги објаснува елементите што ги содржи неговата иницијатива, каде главен аргумент е надминувањето на законската граница на бројот на гласачи по изборни единици. Во жалбата е наведено дека во изборната единица 2 има над 5% повеќе гласачи од просечниот број на национално ниво, а во третата и четвртата изборна единица има над 5% помалку избирачи од просекот.
На прашање, што бара и што очекува од Уставниот Суд, Несими истакна дека на судот му останува крајната одлука, но тој очекува да се истакне нерамноправноста на тежината на гласот по изборните единици и поправка на ситуацијата за наредните избори.
Тој посочи дека слична ситуација имало и во минатото, во 2006 и 2008 година, кога границата била под и над 3%. Тогаш, вели Несими проблемот се решил со измени во Изборниот законик со кои границата се качила на 5%.
Арбен Зеќири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Б. Јордановска