• Latest

Искуство и провокација – директна линија до Архем

August 17, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Искуство и провокација – директна линија до Архем

August 17, 2018 12:45
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Белград и Нови Сад се градовите во кои вообичаено застанувам на кратка пауза пред да продолжам понатаму каде и да одам низ светов, што би се рекло прва подолга станица за пауза. Така беше и овој пат, пауза за кафе, пиво, сендвич… пред да продолжиме на патот кој не’ води кон Будимпешта на Зигет фестивалот. Зигет, веројатно е еден од најдобрите музички фестивали на светско ниво. Не сум бил на Гластонбури и Тумороуленд за да можам со сигурност да потврдам дека Зигет е најдобар, но, и без тоа, тој сигурно се вбројува во најдобрите.

Во Будимпешта стигнавме попладнето околу 18 часот.

Се сместивме во хотелот Будимпешта во делот „Будим“. Чекавме да помине овој ден за утре сабајлето во 10 часот да дојде комбето (shutle buss) по нас и да не’ однесе на островот на слободата. На Зигет дојдовме да настапуваме на квалификациите за светско првенство во живи статуи кое ќе се одржи следната година во Архем, Холандија.

По појадокот, утредента, во автобусот се „накрцавме“ сите кои бевме дел од овие квалификации. Тука беа артисти од Португалија со двајца претставници, меѓу кои и Антонио Сантос, по мене еден од најдобрите живи статуи на сите времиња, потоа, Патрик Дафи од Нов Зеланд, ништо помалку од првиов, од Италија, од Украина беа дојдени два актови меѓу кои и оној на Растислав Састин, кој е маестрален перформер, кој патем победи по оценките на жирито и акто весниците, потоа тука беше актот на Мартин Март од Белорсуија, Магионичарот од Словачка, Мајсторот и Маргарите на Сашка и Владо од Србија и ние Театроск со Контрабасот од Македонија.

Стигнавме на островот. По рутинската контрола за пасови и картички на рацете, кои задолжително треба да ги има секој на островот, кое патем е организирано до совршенство, не’ однесоа во базата каде што бевме во наредните седум денови. Место кое го користевме за средување пред настап, одмор, концентрација, хранење итн. Вероника, директорката на секторот за улични изведувачи ни се обрати веднаш по пристигнувањето во базата за добредојде и да ни ги каже строгите правила кои ги почитуваат сите учесници на фестивалот, без разлика во кој сектор настапуваат. Откако дознавме се’ имавме можност да го прошетаме островот и да видиме што се’ има на него.

Шетаме низ островот на слободата, кој речиси и да нема крај, барем на прва така изгледа. Шатори поставени речиси на секој агол, знамиња развиорени од речиси сите земји на светот, млади, насмеани лица шетаат боси по песокот, пеат, јадат, пијат, танцуваат на работилниците по афрички, бразислки, унгарски танци, одат на часови по одење на штули, жонглирање, отворени студија за масирање, за потстрижување, отворени подиуми за танцување преку ден, шанкови преполни со егзотични коктели, со еден збор целата насмевка на светот е дојдена тука на островот на слободата полн со љубов, без предрасуди, со сите можни насоки за почитување на човековите права. Прекрасно изгледа сево ова, прокоментирав на глас. Чекориме и се воодушевуваме, имам чувство како да се отцепивме од реалноста и сме во некој нестварен свет. Пред нас табла со еден куп знаци на неа меѓу кои и оној за main stage. Одиме на main stage, a таму пишува: tonight Lana Del Rei и потоа се подредија под неа: LIam Gallagher (Оаsis), Dua Lipa, KYGO, Arctic Monkeys, Goo Goo Dools, Gorilaz… фантастичен лајн ап, искоментирав, ќе дојдеме да гледаме.

И така седум денови по ред, на една иста улица, поредени едни крај други, десет актови на живи статуи од сите страни на светот со комплетно различни погледи на животот и уметноста, по мене сите до еден, без исклучок, креативни до совршенство, настапувавме секој ден од 16 – 20 часот. За мене тоа беше неверојатно искуство, но, истовремено и провокација бидејќи никогаш претходно не сум настапувал толку блиску во натпреварувачки карактер со никого. Во меѓувреме, меѓусебно станавме многу блиски пријатели едни со други, дури и речиси заборавивме дека ова се квалификации, си помагавме при средување пред излез на настап, си дававме критики, корекции, разговаравме до долго во ноќта за тоа како треба да се развива нашата професија на глобално ниво итн.

Вероника на третиот ден дојде и рече дека комисијата од Архем ќе стигне на последниот ден, а гласањето од публиката почнува на два дена пред завршувањето на фестивалот. Сите од островот ќе гласаат, а може да се гласа и online. На секоја платформа на која настапувавме се поставија пластифицирани листови на кои стоеше името на продукцијата.

Во меѓувреме Милена и јас по настапите трчавме да ги посетиме концертите на: Lana Del Rei, Liam Gallagher (Oasis), Dua Lipa, KYGO, како и концертите кои се случуваа на „помалите“ бини и можам да кажам дека сите беа кој од кој. Фантастични!

Последниот ден дојде и комисијата и веднаш уште во 16 часот почнаа да ги разгледуваат актовите поставени на платформите на кои настапувавме. Не направивме пауза, сакав да не направам некоја непредвидена грешка и затоа останав да работам без пауза. Некаде околу 18 часот почна силно невреме. Сите почнаа да бегаат кон базата. До мене пријде Вероника и ми рече да побрзам, да се засолнам бидејќи се предвидува силна бура. Наспроти мене настапуваше, Антонио Сантос од Португалија. Тој веќе се беше симнал од платформата и се пакуваше. Пријдов до него и му понудив помош да ги однесеме неговте работи заедно кон базата. Јас со мојот контрабас во десната раката и половина од работите на Антонио во левата заедно трчаме кон базата. Почна силен ветер, прашина, дожд, гранки паѓаа врз нас. Стигнавме наврнати во базата, здрави и живи.

Од организацијата ни соопштија дека останатите актови се откажуваат, ќе треба да чекаме до 20 часот за да се затвори online гласањето. Дојде и 20 часот. Не’ собраа сите во една просторија да ни ги соопштат резултатите. Седнавме во круг, а на крајот од собата програмскиот директор на Зигет чита на глас: победници на овогодинешниот Зигет според гласот на публиката и online гласањето, и директни учесници во Архем се Театроск од Македонија. Почнаа да приоѓаат сите и да ни честитаат. Први пријдоа Сашка и Владо од Србија и после почнаа да се редат останатите… во целата возбуда погледнав на часовникот кој покажуваше 21:00ч.

„Брзо облекувајте се сите Arctic Monkeys почнуваат на Main stage за пола саат!“, реков. И сите појдовме на концертот.

Војо Цветановски

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Војо ЦветановскиЗигетнаградаТеатроскфестивал
Share93Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ