• Latest

Исмаили: Новите еко автобуси ги исполнуваат највисоките технолошки стандарди

August 21, 2020

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Исмаили: Новите еко автобуси ги исполнуваат највисоките технолошки стандарди

August 21, 2020 14:54
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со заменик директорот на Јавното Сообраќајно Претпријатие, Блерим Исмаили, за улогата на јавниот превоз за зачувување на животната средина застапувањето на зелените вредности од ова јавно претпријатие. Исмаили се осврна на новите 33 еко автобуси коишто ги  исполнуваат највисоките технолошки стандарди и  кои беа пуштени во употреба минатиот месец.

Новите 33 автобуси на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје после подолго чекање поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, конечно го разубавија имиџот на градот Скопје, вели Исмаили.

Вреди да се напомене дека 12 од тие автобуси така наречени „хармоники“ кои можат да превезат до максимум 149 патници, додека 21 се обични автобуси со капацитет до 85 патници.

Овие автобуси ги исполнуваат највисоките технолошки стандарди кога е во прашање јавниот транспорт бидејќи се автобуси од категоријата ЕУРО 6.

Исмаили додава дека овие автобуси во некои земји од Европа се избрани за автобуси на 2016 година додека во Германија се познати под името Плавите ангели бидејќи ослободуваат далеку помалку јаглерод диоксид и не го загадуваат воздухот воопшто.

-Од овие причини, овие автобуси веќе се дел од јавниот транспорт на Шпанија, Норвешка, Унгарија и Полска.

Пред да бидат дел од сообраќајот на Скопје, овие автобуси, Град Скопје дојде до заклучок после тестирање на три различни модели на автобуси кои беа од различни производители, вклучувајќи го и моделот МАН, кој според патниците и анализите резултираше како најсоодветен автобус за јавниот транспорт на Скопје.

Друга причина е дека еден МАН еко автобус ЈСП го штеди за до 25 илјади евра годишно во гориво, со други зборови, ако ги споредиме со старите автобуси кои ги поседуваме, еко автобусот троши речиси двојно помалку гориво со што заштедува еден дел од трошоците, но главниот бенефит е дека истовремено овие еко автобуси придонесуваат во чистење на воздухот во Скопје, бидејќи не го загадуваат воопшто.

Внатрешноста на автобусите е доста модерен и комотен за патниците. Освен валидаторите за билети, дел од автобусите е и полначот за телефони.

За жал, имавме неколку случаи каде повозрасни патници со различни предмети се обидоа да ги тргнат полначите за телефон, за оваа причина ЈСП Скопје беше принудено да пријави во МВР каде што од таму ги презедоа соодветните мерки. Повторно сакам да апелирам, ЈСП Скопје со своите автобуси се неделив дел од имиџот на Скопје и поради оваа причина граѓаните треба да бидат дел од процесот во нивното одржување и во ниеден случај да не ги оштетуваат истите затоа што тоа е забрането по закон и е казниво.

Сакам да истакнам дека ЈСП Скопје на активен начин е вклучено во акцијата за превенција од ширење на коронавирусот. Како? Преку флаерите преведени на албански и македонски јазик, каде се апелира да не се користат одредени седишта со причина за одржување на безбедната дистанца. Во согласност со одлуките на Министерството за Здравство и Владата, сегашниот капацитет на автобусите не смее да се пречекори повеќе од 50%.

Исто така друга заедничка одлука на Министерството за Здравство, Владата и ЈСП Скопје е тоа да патниците со себе да имаат маска, во спротивно нема да им се дозволи влез во автобусите.

Сакам да ги осигурам граѓаните дека оваа одлука или закон за користење на маските во јавниот транспорт не е присутен само во РСМ. Неодамна веќе еден месец е присутен како закон во Велика Британија, така што е задолжително кога граѓаните на Англија го користат јавниот превоз да носат маска. Сакам да апелирам едно нешто, граѓаните треба да се грижат за автобусите бидејќи е нивно богатство, тие го разубавуваат имиџот на градот и на еден или друг начин тие ја даваат пораката која градот Скопје заедно со граѓаните знаат да се грижат за животната средина и екологијата на Скопје.

Интервјуто го водеше Ариан Мехмети

текст, монтажа и фотографии: Ариан Мехмети


Интервјуто е дел од проектот „Зелените доаѓаат“  што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ