• Latest

Истражување на Агенцијата Анадолија: Војната во Украина може да ја чини Русија над 20 милијарди долари дневно

March 6, 2022

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Америка гласа за својата иднина и за иднината на светот: Доминација на Трамп или рамнотежа на политичките сили во Вашингтон

November 3, 2026

Андонов: Мицкоски е сам против себе и против сите нас

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Истражување на Агенцијата Анадолија: Војната во Украина може да ја чини Русија над 20 милијарди долари дневно

Во истражувањето на Агенцијата Анадолија се истакнува дека директните загуби од војната, вклучувајќи ги и забележливите загуби на воена опрема и персонал, ја чинеле Русија приближно 7 милијарди долари во првите пет дена.

March 6, 2022 22:51
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Трошоците за војната што Русија ја започна против Украина на 24 февруари може да ја чинат московската администрација над 20 милијарди долари дневно, пренесува Агенцијата Анадолија (АА).

Во веста што ја објави онлајн консултантската компанија „Консалтанси“ отстапен е простор за истражувањето спроведено од тинк-тенк организациите „Центер фор икономик риковери“ и „ИзиБизнис“ и консултантската компанија „Цивита“, во кое се пресметани трошоците на руската економија во руско-украинската војна.

Во истражувањето се истакнува дека директните загуби од војната, вклучувајќи ги и забележливите загуби на воена опрема и персонал, ја чинеле Русија приближно 7 милијарди долари во првите пет дена.

Студијата, во која се наведува дека загубата на опрема изнесува 4,2 милијарди долари, предвидува дека само загубата на човечки животи ќе предизвика загуба од 2,7 милијарди долари во БДП во следните 40 години.

Покрај тоа, во истражувањето се вели дека обемот на мобилизацијата, кое вклучува логистика, персонал, муниција, гориво, лансирање ракети, ќе чини повеќе пари секој нареден ден и се истакнува дека со зголемувањето на обемот на инвазијата, дневните трошоци на Русија за војната може да надминат 20 милијарди долари.

Економски трошоци

Од друга страна, вредноста на рубљата падна на историски ниски нивоа поради санкциите воведени од меѓународната заедница со цел да се дестабилизира руската економија и земјата да се одврати од агресијата.

Се истакнува дека додека руските компании забележуваат брз пад на пазарната вредност, московската администрација има потешкотии да ја одржи макростабилноста поради новите ограничувања на тргувањето со државни обврзници и замрзнувањето на средствата на Централната банка.

Додека трговските ограничувања се очекува да предизвикаат голема штета на руската енергетски зависна економија, во истражувањето се истакнува дека забраната за увоз на високотехнолошки производи ќе влијае и врз синџирите на вредност на среден и долг рок.

Ваквата ситуација ќе значи висока инфлација и ниска куповна моќ за обичните руски граѓани и зголемување на сиромаштијата.

извор: Агенција Анадолија

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ